Зарич
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зарич (грчки: Ψηλή Ράχη , Ипсили Рахи)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 25 километри источно од градот Драма и на 24 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 349 метри.
Историја
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 803 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 803 жители, додека во 1940 година селото броело 1126 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 931 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 805 жители, во 1971 година имало 507 жители, во 1981 година имало 302 жители, додека во 1991 година имало 262 жители[6]. Денеска, населението на селото е 215 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
