Зарко Димов
македонски револуционер, еден од првите членови на ТМОРО од Тиквешијата, познат борач-пеливан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зарко Димов ( 1865 во Ваташа — ) — македонски револуционер, еден од првите членови на ТМОРО од Тиквешијата,[1][2] познат борач-пеливан.[3][4][5][6]
Животопис
Тој бил природно бил надарен со голема сила, дарба и умешност во боречките вештини, така што му немало рамен ниту меѓу христијаните, ниту пак меѓу муслиманите. Во 1885 година во Ваташа се одржал голем пеливански турнир на кој учествувале најпознатите пеливани од Велес, Штип, Струмица, Скопје, Гевгелија, Прилеп и Кавадарци. Откако познатиот пеливан од Велес Махмуд Пеливан ги победил сите противници и чекал за да биде прогласен за победник, обземен од славата прашал дали некој уште сака да ги одмери силите со него. Тогаш се јавил Зарко Димов и за неполна минута успеал да го совлада и од тој ден во овој спорт долги години му немало рамен.[3]
Remove ads
Револуционерна дејност
Во 1888 година Зарко Димов, заедно со уште десетина млади луѓе од Ваташа станал член на месната чета или месна милиција, која била вооружена со пушки и добивале месечна плата од една турска лира. Нивна задача била да го чуваат селото од разни качаци и разбојнички банди.[3]
Во редовите на македонската револуционерна организација, пристапил во 1894 година и е член на првиот комитет на ТМОРО од село Ваташа заедно со Лазо Сојтериев, Пано Поцев, Трајче Дубров и Коцо Јорданов. Во 1905 година Зарко бил уапсен од страна на Турските власти и бил осуден на три години во затворот Еди Куле. Во 1914 година тој заедно со Тоде Мицев и уште неколкумина Македонци мобилизирани во српската армија организирале бунт и се спротивставиле да примат заклетва на туѓ владетел и држава.[3]
Истата 1914 година од страна на жителите на село Ваташа, бил избран за претседател на црковно-духовната општина во селото.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads