Качаци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Качаци
Remove ads

Качаци (албански: kaçak) — поим што се користи за албанските бандити кои биле активни кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во северна Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија, а подоцна и како термин за милициите на албанските револуционерни организации против Кралството Србија (1910– 18) Кралство Југославија (1918–24), наречено „Качачко движење“.

Thumb
Косовски Албанци бунтовници контролираат пат во Косово, 1920-ти
Remove ads

Етимологија

Зборот е изведен од турскиот збор kaçmak за „одметник“.[1][2]

Историја

1920–24 Качачко движење

Комитетот за национална одбрана на Косово (албански: Komiteti për Mbrojten Kombëtare e Kosovës) е создаден во Скадар, под Хасан Приштина, во 1918 година. Комитетот организациски и финансиски ги подржувал качаците во областите населени со Албанци на Југославија, во Косово и Скопје (поранешен Косовски Вилает). Качаци дејствувале и околу Охрид и Битола. [3] На 6 мај 1919 година Комитетот повика на општо востание во Косово и во другите области населени со Албанци во Југославија. Качаците биле популарни меѓу Албанците, а локалната поддршка за нив се зголемила во 1920-тите кога Хасан Приштина стана пратеник во албанскиот парламент, Хоџе Кадриу стана министер за правда, а Бајрам Цури стана министер за војна (1921). Сите тројца биле косовски Албанци. За тоа време, косовските Албанци под команда на Азем Галица започнале вооружена борба, позната и како „Качачко движење“,[4] бунт од големи размери во Дреница во кој учествувале околу 10.000 луѓе под Галица. Востанието било задушено од југословенската војска.[5] Вооружените конфликти меѓу југословенската војска и качаците се случиле во годините 1920 и 1921 година,[6] 1923 година,[7][8] со заживување во 1924 година. Едно од достигнувањата било создавањето на „неутрална зона“ околу Јуник која ќе послужи за загрозување на границата и обезбедување муниција и друга логистичка поддршка за качаците.

Remove ads

Наследство

Тие се широко прикажани во албанскиот фолклор.[9][10][11] Албанските колаборационисти во Југославија за време на Втората светска војна биле познати и како Качаци.[12]

Забележителни луѓе

  • Бајрам Цури (1862–1925)
  • Азем Галица (1889–1924)
  • Ќериме Шоте Галица (1895–1927) [13]
  • Зеф Кол Ндока (1883-1924)
  • Хисни Кури (?-1925)
  • Ајет Сопи Блата
  • Аган Која
  • Мехмет Паше Дерала
  • Сали Бутка
  • Осман Така
  • Аслан Кури
  • Идриз Сефери
  • Бајрам Балота
  • Садик Рама
  • Иса Болетини
  • Јусуф Мехоња

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads