Зафир Хаџиманов

македонски пејач, композитор и поет From Wikipedia, the free encyclopedia

Зафир Хаџиманов
Remove ads

Зафир Хаџиманов (Кавадарци, 25 декември 1943 - Белград, 27 март 2021 ) — македонски пејач, композитор, глумец и поет.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Зафир Хаџиманов бил роден и израснат во Кавадарци, од таткото Васил Хаџиманов, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ - Хаџиманов, со која го имале синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.[1]

Во 1991 година, Хаџиманов бил еден од основачите на друштвото за македонско-српското пријателство „Шар Планина“ и на здружението на Македонците во Белград, „Македониум“.[2] Поради неговите заслуги за промоцијата на македонската култура во Србија, во 2007 година, тој бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.[3]

Кога навлегол во осмата деценија од животот, Хаџиманов се соочил со бројни здравствени проблеми: најпрвин, по зивршената хируршка интервенција, го загубил видот на едното око; потоа преживеал срцев удар; а исто така боледувал и од дијабетес. Зафир Хаџиманов починал на 27 март 2021 во Белград, како последица на инфекцијата со вирусот КОВИД-19.[4]

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1964Ова е мој град ТВ-филм
1967Нож ТВ-филмАлександар
1967Замислите ТВ-серија
1967У сустер зелјама ТВ-филмЗафир
1967Македонска крвава свадба ТВ-филмСпасе
1968Букет сансона ТВ-филм
1969Нешто темно и тесно ТВ-филм
1969Време без војна ТВ-филм
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1972Нигијенска навика Војникот ТВ-филм
1973Луди речник ТВ-филм
1973Операција 30 зборови ТВ-филм
1978Нај убави години ТВ-филм
1980Музучки топоган ТВ-филм
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1993Македонска сага ТВ-филмПоп Томанија
2012Кога ќе осамне денот ТВ-филмМарко Поповиќ
2016Ослободување на Скопје ТВ-филм
2018Династијата на раѓањето на царството ТВ-филмЦар Теодор
Remove ads

Творештво

Поезија

Зафир Хаџиманов е автор е на две прозни книги и на шест стихозбирки: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Во 1975 година, тој освоил награда на Струшките вечери на поезијата.[2]

Музика

Од бројните песни што ги испеал Зафир Хаџиманов, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Во 1965 година го освоил првото место на познатиот Опатиски фестивал, со песната „Зошто доаќаш само со дожд“. Публиката во Белград особено го памети по улогата на Жан Валжан во мјузиклот „Клетници“ во режија на Небојша Брадиќ, кој бил поставен на сцената на „Мадленианум“. Исто така, тој е автор на две музички книги за деца. Во 2003 година, тој освоил награда на Меѓународниот фестивал на шансони во Загреб.[2]

По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“.[5]

Настапи на музички фестивали

  • 1965. Загреб - Човјек као ја
  • 1966. Опатија - Тамара
  • 1966. Сплит - Вражја Маре, друга награда публике
  • 1966. Сплит - Трешња (со триото "Јека")
  • 1967. Сплит - Риђе косе
  • 1967. Сплит - До виђења у јесен (со Сенка Велетанлиќ)
  • 1969. Опатија - Био је мај
  • 1970. Загреб - Мари, Мари, Мари
  • 1971. Скопје - Панаѓур
  • 1972. Скопје - Како Вардар
  • 1973. Опатија - Украшћу те
  • 1973. Београдско пролеће - Циганске очи
  • 1973. Скопје - Зошто, награда "Сребрни мост"
  • 1973. Загреб - Има - нема
  • 1974. Опатија - Хајде да се играмо мала (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1974. Скопје - Туѓа си
  • 1975. Београдско пролеће - Од сунца до сна
  • 1976. Београдско пролеће - Спавај (со Владо и Бајко, и ансамблот Лоле)
  • 1976. Сплит - Узалудна серенада
  • 1976. Југословенски фестивал револуционарне и родољубиве пјесме - Црвена је крвца
  • 1978. Београдско пролеће - Плави жакет
  • 1978. Скопје - Љубов неверна, победничка песна
  • 1979. Опатија - Девојка воћка незнана (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1980. Опатија - Марица
  • 1980. Београдско пролеће - Свирај свирче док зора не сване (со Тамбурица 5)
  • 1981. Загреб - Голубице, победничка песна (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1982. Београдско пролеће - Београд, стари бекрија (дует со Сенка Велетанлиќ)
  • 1982. Загреб - Се само сјети
  • 1984. Опатија - Песма људе воли (со Сенка и Бисера Велетанлиќ)
  • 1985. Загреб - Треба нам лове (со Владимир Савчиќ Чобија)
  • 1986. Београдско пролеће - Докле тако Соња, прва награда
  • 1986. Макфест - Пуста била
  • 1986. Нишка јесен - Ромска песма, апсолутен победник
  • 1989. Валандово - Од љубов се не бега, победник
  • 1990. Макфест - Јануарска ноќ
  • 1991. Београдско пролеће - Јани Баћи, награда за интерпретација
  • 1993. Београдско пролеће - Свирај мој маестро

Филм

Хаџиманов ја започнал филмската кариера уште како студент по глума. Тој ги играл главните улоги во филмовите „Нож“ на Жика Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов.[2]

Remove ads

Награди

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads