Захарија Бербероска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Захарија Бербероска ( 1897 во Крушево — 1972 во Скопје) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
Учествувала во заднината на НОД[2] од октомври 1942 година заедно со своите два сина, Андон и Димитар, борци во партизанскиот одред „Питу Гули“. Во нејзиниот дом престојувале илегалци и се одржувале состаноци. Поради нејзината активност и нејзините синови од 1942 година била често апсена и сослушувана од бугарската фашистичка полиција. Во август 1943 година била одново уапсена и интернирана во Бугарија, а потоа во Бач, Битолско каде останала се до 1944 година. По враќањето од интернација и било оневозможено да живее во Крушево. Привремено се населила во Прилеп и била задолжена секој ден да се пријавува во полицијата.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads