Захарија Шумљанска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Захарија Василева Шумљанска (15 мај 1864 во с. Могила, Битолско - 1937) — македонски просветен работник, добротвор од времето на македонската револуционерна борба. Завршила гимназија во Пловдив во 1885 г. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни живее во Софија и активно се занимава со добротворна дејност. Умира во 1937 г.[1]
Во нејзина чест стои забележителен споменик во селото Могила.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads