Зајчев Рид

рид во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Зајчев Рид
Remove ads

Зајчев Ридрид во северозападниот дел на Скопската Котлина, сместен во близина на утоката на реката Лепенец во Вардар на 7 км северозападно од центарот на градот Скопје. Врвот на Зајчев Рид е висок 324 м, а самиот рид е крајниот дел од ридскиот систем (венец) што се издигнува во средишниот дел на Скопската Котлина и се протега покрај левиот брег на реката Вардар, а започнува со ридот Градиште на исток на кој се наоѓа скопската тврдина Кале. Во подножјето на Зајчев Рид непосредно до патот и крстосницата меѓу селата Бардовци и Злокуќани, на јужната и југозападната падина на ридот се наоѓаат ископините и археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи.

Кратки факти Зајчев Рид, Највисока точка ...
Remove ads

Објекти и стопанство

На Зајчев Рид е сместена и државната Управа за хидрометеоролошки работи, а во неговото подножје на јужната падина се наоѓаат повеќе автосалони, сервиси и бензински пумпи и поликлиниката „Систина“. На подножјето на северната падина на Зајчев Рид поминува железничката пруга кон Кичево и Косово. Западните падини на ридот, во правец на селото Бардовци се земјоделски површини посеани со житни, градинарски и лозарски култури (пченица, зелка и лозови насади). Составот на земјиштето е алувијална почва во пониските делови и песоклива-глинеста почва во повисоките делови кон врвот.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads