Здравко Рафаиловски

македонски архитект From Wikipedia, the free encyclopedia

Здравко Рафаиловски
Remove ads

Здравко Рафаиловски (р. 26 август 1951 во Нистрово, Гостиварско) — македонски архитект.

Кратки факти Здравко Рафаиловски, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Рафаиловски завршил основно училиште во селото Маврови Анови, додека со средно образование се стекнал во Градежниот училиштен центар во Скопје. Во 1975 година, тој дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје на тема „Собрание на град Гостивар“ под менторство на професорот Борис Чипан.[1]

По дипломирањето, тој се вработил во оперативата на Г.П. „Гранит“ во Неготино. Истата година преминал во проектантската организација „Мавровопроект“ на Г.П. „Маврово“ од Скопје. Од 2004 година, продолжил да работи во истата организација под новото име „Прима инженеринг“ ДОО.[1]

Во „Мавровопроект“ работел со тамошните реномирани и искусни архитекти, од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Таму се стекнал со солидна подлога, работејќи од проектант соработник до главен проектант, оспособен да ја преземе водечката улога во творечката постапка и организацијата. Неговото творештво е богато и разновидно. Покрај бројните проекти остварени во Македонија, се јавува како проектант на значајни градби и надвор од нашата земја. Проектирал градби во Сурдулица (тогаш во СР Југославија, денес Србија), Мисрата (Либија) и Сочи (Русија).[1]

Покрај плодната проектантска активност од 1994 година, како технички директор раководел и со изработката на техничката документација на сите нивои на проектирањето.[1]

Remove ads

Конкурси

  • 1977 г. — Спомен-дом во Шавник, Црна Гора (откуп)
  • 1981 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче (прва награда, работа во тим, реализирани)
  • 1983 г. — Станбени објекти во Влае (откуп, работа во тим)
  • 1984 г. — Станбен објект во Ресен (втора награда)
  • 1992 г. — Деловен објект Алумина во Скопје (откуп)
  • 1993 г. — Соборна црква во Струмица (работа во тим)

Проекти и остварено градби

  • 1976 г. — Салон за чевли „Газела“, Мостар, Босна и Херцеговина
  • 1977-78 г. — Станбени објекти К2, К3 и К4 во Аеродром, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1978 г. — Управна зграда „Механизација“ на ГП „Маврово“, Скопје
  • 1978 г. — Станбени објекти С1, С2 и С3 во Струмица (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1978 г. — Станбен објект П+2, санација, Бар, Црна Гора
  • 1978-80 г. — Станбени објекти КП1, КП2 и КП3, Крива Паланка (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1979 г. — Клуб на пензионери, Драчево во Скопје
  • 1979 г. — Станбен објект Б-13 ул. „Џон Кенеди“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1979-82 г. — Станбено деловен комплекс „Карпош 4“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1981-83 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче, Скопје (со Д. Петкова - Костиќ и М. Митровиќ)
  • 1981-83 г. — Школски објекти во Мисрата, Либија
  • 1983 г. — Станбени објекти во СУ1 и СУ2, Сурдулица, Србија (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1984 г. — Народна библиотека, Сурдулица, Србија (со Б. Мандичевски)
  • 1985-90 г. — Деловно-трговски центар „Мавровка“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1989 г. — Управна зграда „Маврово“, Сочи, Русија
  • 1992 г. — Снек-бар „ИМ Фонтана“ во Деловно-трговски центар „Мавровка“, Скопје
  • 1992-94 г. — Деловно-трговски центар „Шехерезада“, Битола
  • 2000 г. — Деловен простор „Тријас“, Скопје
  • 2003 г. — Станбен објект „Импулс“ ул. „Теодосиј Гологанов“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2004 г. — Објект за дестилација на природни плодови „Импулс“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2008 г. — Станбен објект „Импулс“ ул. „Орце Николов“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2016 г. — Станбено деловен објект „АА2“ ул. „Корушка“, Скопје (со А. Рафаиловска)

Награди и признанија

За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:

  • 1981 г. — Прва награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје
  • 1984 г. — Втора награда на конкурс за станбен објект, Ресен
  • 1993 г. — Гран при на БИМАС за Деловно трговски центар “Мавровка“, Скопје
  • 1982 г. — Благодарница од ГРО “Маврово“за повеќегодишно успешно работење
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads