Маврови Анови
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маврови Анови — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Пред новата територијална поделба била седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Мала Река, на брегот на вештачкото Мавровско Езеро, меѓу шумовитите и високите планини.
Историја
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 167 жители, од кои 137 Македонци, 16 Турци, 10 Роми, 2 Срби и 2 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 92 Македонци, 2 Албанци, 16 Турци, 2 Роми, 1 Влав и 8 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика


Пред новата територијална поделба Маврови Анови биле седиште на истоимената општина, Општина Маврови Анови. По новата поделба тоа потпаднало во рамките на Општина Маврово и Ростуше. Денес во Маврови Анови е сместено седиштето на Одделението за урбанизам, комунални дејности, угостителство и туризам при Општина Маврово и Ростуше.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads