Зеланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зеланд (холандски: Zeeland, зеландски: Zeêland) — покраина во Холандија. Зеланд е најзападната покраина во Холандија, која се наоѓа во југозападниот дел на државата. Покраината е составена од поголем број острови во близина на Белгија. Главен град на покраината е Миделбург. Зеланд има вкупно население од околу 380.000 жители, и вкупна површина од 2,930 км2, од кои 1,140 км2 се вода.
Зеланд на холандски значи „морска земја“, односно името се однесува на местоположбата и самата географска структура на покраината. Поголем дел од Зеланд е под надморска височина. Последната голема поплава во регионот била во 1953. Главна стопанска гранка во покраината е туризмот. Океанската држава Нов Зеланд е именувана по оваа покраина.
Remove ads
Географија

Покраината Зеланд е голема речна делта на неколку реки, меѓу кои Шелда, Рајна и Меза. Поголем дел од покраината е под надморската височина и дел од копното било повратено со тек на времето (водата се повлекувала, приридно или вештачки). Луѓето граделе вештачки брда, кои со тек на времето станувале суви острови.
Општини
- Борселе
- Гус
- Капеле
- Миделбург
- Норд-Бевеланд
- Рајмерсвал
- Слаус
- Схаувен-Дауфеланд
- Тернеузен
- Толен
- Фере
- Флисинген
- Хулст
Remove ads
Демографија
Покраината има население од 380.186 жители и густина на население од 210 жители на километар квадратен. Таа е 12 најголема покраина во државата по население и 11 најнаселена во Холандија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads