Тернеузен
град во Зеланд, Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тернеузен (холандски: Terneuzen) — град и општина во југозападниот дел на Холандија, во покраината Зеланд, во средина на Зеландска Фландрија. Со повеќе од 55.000 жители, таа е најнаселената општина во Зеланд.
Remove ads
Населени места
Тернеузен (население: 24.150), Аксел (8.274), Сас ван Гент (4.000), Замслаг (3.018), Хук (3.000), Кувахт (2.700), Слуискил (2.700), Филипине (2.200), Вестдорпе (2.028), Бирвлит (1.671), Зуидорпе (1.000), Зандстрат (379), Спуи (300), Оверслаг (250).
Топографија
Град Тернеузен
Градот Тернеузен се наоѓа на јужниот брег на естуарот на Западна Шелда. До остатокот на Холандија може да се стигне преку тунелот „Западна Шелда“ отворен во март 2003 година. Тернеузен не е поврзан со остатокот на Холандија со железница — иако фабриката Дау Кемикал е опслужувана од единствената товарна железничка линија до Гент во Белгија (патничката железничка линија до Тернеузен била укината во 1951 година).
Првпат бил споменат во 1325 година, Тернеузен бил стратешко пристаниште до Гент, во денешна Белгија. Денес, Каналот Гент-Тернеузен е сè уште важна бродска рута. Пристаништето во Тернеузен е третото најголемо во Холандија, по оние во Ротердам и Амстердам. Најголемата фабрика на Дау Кемикал Компани надвор од САД е сместена во Тернеузен, на западната страна на Каналот Гент-Тернеузен.
Традицијата вели дека Тернеузен некогаш бил дом на легендарниот Летачки Холанѓанин, Ван дер Декен, капетан кој го опцул Господ и бил проколнат засекогаш да плови по морето, како што е опишано во романот „Фантомски брод“ од Фредерик Марјат и операта „Летачки Холанѓанин“ на Рихард Вагнер.
Добил градски права во 1584 година. Пред 1877 година, градот често бил нарекуван Незен.
Remove ads
Познати жители
- Сандра Рулофс — поранешна прва дама на Грузија
- Лодевејк ван ден Берг — астронаут
- Клас де Врис — композитор
- Жак Хамелинк — романописец, поет и литературен критичар
- Ерик де Брујн — филмски режисер
- Ерик ван Даме — холандски економист
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads