Зеленгора

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Зеленгора е планина во Република Српска, БиХ, која се налаоѓа во склоп на Националниот парк Сутјеска.

Географија

Се наоѓа кај границата со Црна Гора, а поделена е помеѓу 3 општини: Гацко, Калиновик и Фоча. Најпозната е по голем број на леднички езера, од кои најпознати се Котланичко езеро, Орловачко езеро, Штиринско езеро, Југово езеро, Доње Баре, Горње Баре и др.[1] Во централниот масив на Зеленгора , Брегоч (2.014 -{m}-) е највсоката точка. Планината Зеленгора е ограничена од север со јелечките планини Хусад и Радомишља, од северозапад со Загорје, Вучјите ридови и Обље, од запад, југозапад и југ со реката Неретва, Гредеља, со утоката на Јабушница, Сутјеска, од југоисток и исток со кањот на Сутјеска, реката Сутјеска, планината Волујак и Маглиќ (планина), од североисток со Малуш планина и планината Руд. Целиот комплекс на Зеленгора опфаќа околу 150-160 -{км2}- површине[2].

Зеленгора има богата флора и фауна, особено во делот каде се налаоѓа прашумата Перуќица.

Remove ads

Занимливости

  • За време на Втората светска војна, 10 јуни 1942 година на планината е основана Четвртата пролетерска црногорска ударна бригада.
  • Исто така на планината на 12 и 13 мај 1945 година се одиграла Битката на Зеленгора помеѓу четниците и партизаните.

Туризам

Една од најубавите планини во Босна и Херцеговина привлекува голем број на луѓе, како од регионот така и од државите на западна Европа, посакуван одмор и лесна рекреација, а на нејѕините висорамнини почнуваат да се одржуваат ралични манифестации кои промовираат чист воздух и богата разновидност на растително и животинско царство на Зеленгора. Една од тие манифестации се Денови на боровницата (Зеленгора) (Дани боровнице) а исто така е популарна и планинарската акција "Езерата на Зеленгора" ("Језера Зеленгоре"), во рамки на која се организираат тури до нејѕините 6 езера.[3][4]

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads