Зелник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зелник — традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец или мелено месо. Во текот на зимскиот период, зелникот може да биде исполнет со зелка или спанаќ. Зелникот обично се послужува топол и со јогурт.
Освен во македонската, зелникот се среќава и во кујните на другите балкански земји.
Remove ads
Потекло на поимот
Поимот „зелник“ потекнува од зборот „зелје“ и се однесува на главните состојки од кои истиот се приготвува.
Слични јадења
Зелникот е сличен на јадењето „зелен бурек“ (турски: yeşil börek), коешто е распространето во Турција и Средна Азија. За разлика од зелникот, зелениот бурек се приготвува за празници и фестивали, а се послужува со кефир. Кората и слоевите на зелениот бурек се потенки и полнети со други состојки.
Галерија
- Плех со зелник
- Парче зелник со спанаќ
- Зелник со праз
- Зелник со праз и полнети пиперки
- Зелник со сирење и месо послужен со јогурт
- Пита со праз
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads