Зенде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зендеmap
Remove ads

Зенде (германски: Sehnde) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри југоисточно од покраинскиот главен град Хановер.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Зенде во рамките на округот Хановер ...
Remove ads

Географија

Зенде се граничи (почнувајќи југозападно, надесно) со Лацен, Хановер и Лерте, како и со Хоенхамелн (округ Пајне) и Алгермисен (округ Хилдесхајм).

Историја

Целата област со векови била земјоделска, додека не биле откриени големи количини на сол и поташ кон крајот на XIX век. Неколку рудници биле ископани, првиот кај Густавсхал во Хоенфелс во 1896 година. Во текот на XX век, Зенде и Илтен биле главни корисници за рудниците, додека не бил затворен и последниот во 1995 година. Од 1950-тите години, поголемиот дел од областа се претворил во зона за домување поради близината на Хановер.

Зенде бил создаден во 1974 година со спојување на поранешните 15 општини: Билм, Болцум, Долген, Еверн, Гретенберг, Хајмар, Хефер, Илен, Клајн Лобке, Милинген, Ретмар, Зенде, Васел, Веминген и Виринген. Зенде ги добил градските права во 1997 година.

Remove ads

Политика

Градскиот совет се состои од 33 членови. Алтернатива за Германија на општите избори во 2016 година освоиле четири места, но имала само три кандидати поради што 34. место во советот останало празно. Градоначалникот е исто така член на советот, но не припаѓа на ниедна партија.

Советот е составен од следниве членови:

Повеќе информации CDU, SPD ...

Култура

Поранешниот рудник за поташ Хоенфелс во Веминген е дом на германскиот музеј за трамвај.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads