Средногермански Канал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads

Средногермански Канал, (германски: Mittellandkanal) — главниот канал во централна Германија. Претставува важна алка во мрежата на водени патишта на државата, обезбедувајќи главен исток-запад внатрешен пловен пат. Неговото значење ја надминува Германија, поврзувајќи ги Франција, Швајцарија и земјите на Бенелукс со Полска, Чешка и Балтичкото Море.[1]
Со 325,7 километри во должина,[2] Средногерманскиот Канал е најдолгиот вештачки воден пат во Германија.
Remove ads
Тек
Средногерманскиот Канал се разгранува на Каналот Дортмунд-Емс[2] кај Херстел (близу Рајне, 52° 16′ 37″ СГШ, 7° 36′ 18″ ИГД), оди северно низ Тојробуршката Шума, го поминува Хановер и се сретнува со реката Елба близу Магдебург (52° 14′ 46″ СГШ, 11° 44′ 49″ ИГД). Близу Магдебург се поврзува со Каналот Елба-Хафел,[2] правејќи ја пловна бродска рута до Берлин и до Полска.[1]
Кај Минден, Каналот ја поврзува реката Везер пред два аквадукти (вториот завршен во 1998) и близу Магдебург ја поминува Елба, исто така со аквадукт. Врски со странични канали постојат кај Ибенбирен, Оснабрик, Минден (два канало го поврзуваат со Везер), Хановер-Линден, Хановер-Мисбург, Хилдесхајм и Залцгитер.[2] Западно од Волфсбург, страничниот канал на Елба се разгранува, обезбедувајќи врска до Хамбург и (преку Канал Елба-Либек) до Балтичкото Море.
Remove ads
Историја
Изградбата на Средногерманскиот Канал била започната во 1906, почнувајќи од Бергесхефеде (општина Херстел) на Каналот Дортмунд Емс. Секцијата до Минден на Везер била отворена во февруари 1915 и првично била именувана како Ems-Weser-Kanal. Секцијата од Минден до Хановер била завршена во есента 1916. Делот до Зенде и разгранувачкиот канал до Хилдесхајм биле завршени во 1928, Пајне бил поврзан во 1929 и Брауншвајг во 1933. Конечниот дел до Магдебург бил отворен во 1938, така создавајќи директна врска помеѓу Западна и Источна Германија. Посебниот канал до Залцгитер бил отворен во 1941. Планираниот канализиран мост преку Елба, потребно да се избегне недостигот на вода, не бил изграден поради Втората светска војна.[3]
По поделбата на Германија по Втората светска војна, Средногерманскиот Канал бил поделен помеѓу Западна Германија и Источна Германија, со границата на исток на Волфсбург. За да се обезбеди пристап од западниот дел на каналот до Хамбург и Северна Германија, избегнувајќи ја Источна Германија и понекогаш ограничената пловност на реката Елба, Страничниот канал на Елба бил отворен во 1977.
По реобединувањето на Германија, важноста на Средногерманскиот Канал како врска од Западот до Берлин и Истокот била засилена. Проектот за мостот на Елба повторно бил обновен и како резултат на тоа, Водениот мост Магдебург бил отворен во 2003, обезбедувајќи директна врска со Каналот Елба-Хафел.
Remove ads
Градови на Средногерманскиот Канал
- Ибенбирен
- Оснабрик (преку врска)
- Брамше
- Либеке
- Минден
- Гарбзен
- Хановер
- Зенде
- Хилдесхајм (преку врска)
- Пајне
- Залцгитер (преку врска)
- Брауншвајг
- Волфсбург
- Халденслебен
- Магдебург

Градби
Галерија
- Старите и новите аквадукти на Средногерманскиот Канал близу Минден.
- Средногерманскиот Канал близу Минден.
- Брана на реката Везер и Средногерманскиот Канал кај Минден, Германија, сликана во 1977.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads