Знаме на Гана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Гана е официјалното знаме на оваа африканска држава. Знамето било дизајнирано од Теодосија Окох и ова знаме го заменило знамето на Велика Британија кое се веело до 1957 година. Новото знаме на Гана се веело до 1959, потоа не се користело сè до 1966 кога повторно се завеало. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја со црна голема ѕвезда во средината на знамето. Боите се пан-африкански и ова е првото државно знаме по знамето на Етиопија кое ги носи овие бои. Црвената боја ја симболизира крвта на борците за независност на земјата, жолтата боја ги симболизира природните богатства, зелената боја ги симболизира шумите и црната петокрака ја претставува африканската слобода.
Remove ads
Останати знамиња
- Морнаричка инсигнија на Гана.
- Воздухопловна инсигнија на Гана.
- Граѓанска воздухопловна инсигнија.
Надворешни врски
![]() | Оваа статија Гана е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads