Гана

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гана
Remove ads

Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“[5] и потекнува од Ганското Царство. Главен град на државата е Акра и службен јазик е англискиот.

Кратки факти Republic of GhanaРепублика Гана, Најголем град ...

Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантското Царство, царството на Фанте и уште неколку други царства како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во XV век, трговијата со Европејците започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег[6]

Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност[7][8][9] и името „Гана“ било избрано за име на новата држава како наследник на Ганското Царство која владеела со голем дел од Западна Африка. Државата е втор најголем производител на какао во светот.

Remove ads

Потекло на поимот

Зборот „Гана“ во буквален превод значи „крал воин“ и била титула на кралот на средновековното Ганско Царство.[10] Географски, царството било 800 километри северно и западно од денешна Гана и таа заземало територии околу реките Сенегал и Нигер и на териториите на државите Сенегал, Мавританија и Мали. По независноста на Златниот Брег, името Гана било земено како ново име на државата на 6 март 1957 година.

Remove ads

Историја

Во поголемиот дел од јужните земји од Сахара, по 500 година започнало да се развива земјоделството. Во тоа време започнале да се формираат првите организирани села. Кон крајот на класичната ера, во Западна Африка се создале голем број на кралства, од кои едно од најголемите и првите било Гана. Стара Гана зазимала територии од денешните држави Мавританија и Мали. Пред доаѓањето на европските трговци, Гана била периферно подрачје на кралството кое се наоѓало јужно од Сахара. Првите контакти на трговците од Европа со регионот биле кон XV век. Главно, потчинетото население се користело за трговија со робови, а земјата се експлоатирала за откривање на злато. Велика Британија кон втората половина од XIX век ја зазеле територијата на денешна Гана.

Земјата во 1957 година станала првата земја која добила независност во регионот. Кваме Нкрума станал првиот реководител на земјата. Во 1966 година врз него бил извршен воен удар. По долгогодишни конфликти, на власт во 1981 година дошол Џери Раулингс, кој ги забранил политичките партии и промена на уставот. По воведувањето на повеќепартискиот систем, Џери Раулингс на двапати бил избран за претседател.

Remove ads

Географија и клима

Thumb
Плажа во Гана.

Гана се наоѓа во Западна Африка и има излез на Гвинејскиот Океан. Државата е во близина на екваторот и поради тоа има доста топла клима. Вкупната површина на Гана е 238.500 км2. Гана на исток се граничи со Того, на запад со Брегот на Слоновата Коска и на север се наоѓа Буркина Фасо. Главен град во државата е Акра.

Гана е составена од пет различни географски региони како што се приморскиот, северните висорамнини, шумите во средишниот дел од земјата и на исток се наоѓа планинскиот дел. Басенот на Волта се наоѓа во средишниот дел од земјата. Највисок врв во Гана е Афаџато со висина од 885 метри. Езерото Волта е најголемо вештачко езеро во светот и се наоѓа во источна Гана.

Политички систем

Политиките на Гана се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Седиштетот на владата е во Златната јубилејна куќа. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и собранието на Гана. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

Thumb
Карта на регионите во Гана
Thumb
Акра
Thumb
Кумаси

Гана е поделена на 10 административни региони, кои пак се поделени на 138 окрузи. Регионите на Гана се:


Повеќе информации Регион, Седиште ...

Поголеми градови во Гана се:

Повеќе информации Град, Население ...
Remove ads

Стопанство

Гана е држава со голема залиха на природни ресурси и има двојно поголем БНП по глава на жител од останатите држави во Западна Африка. Иако е побогата од околните држави, таа е зависна од меѓународна асистенција и инвестиција. Околу 28% од населението живеат во сиромаштија со 1.25 долари на ден.[11]

Гана е позната по своето злато и денес, како и порани, е една од најголемите призводители на злато. Покрај златото, се извезуваат и какао, дрва, електрична енергија, дијаманти и магнезиум[12] Покрај ова, во 2007 година се открил и извор на нафта.[13]

Работоспособното население на Гана брои околу 11.5 милиони луѓе. Земјоделството зазема околу 37.3% од стопанството и овозможува вработување на околу 56% од работоспособното население. Државна валута на Гана е ганско седи.

Remove ads

Население, јазик и религија

Thumb
Методистичка катедрала во Кумаси.

Вкупното население на Гана изнесува 23.837.000 жители. Гана е дом на над 100 различни етнички групи, и за среќа досега нема забележано конфликт на различпните етникуми, како што било во останатите африкански држави[14]. Службен јазик во државата е англискиот, но скоро секој жител говори најмалку уште еден локален јазик.

Етнички, Гана е составена од Акани кои се 49.3% и ги вклучува етничките групи Фанте, Акјем, Ашанти, Кваху, Акрпонг-Акуапем, Нзема, Аброн, Акваму, Аханта и други. Мосите и Дагбоните се застапени со 15.2%, Еве со 11.7% и Га со 7% каде спаѓаат и Адангбе, Ада, Кробо и други. Понатака следуваат Гуани со 4%, Гурма со 3.6%, Гуранси со 2.6%, Манде 1%, Хауса, Џерма и Фула со 1.8% и останати 1.4%.

Јазици

Во Гана се зборуваат 47 етнички јазици. Англискиот е службен јазик и доминантен јазик во управниот и деловниот сектор. Исто така англискиот се користи во образованието. Јазиците на Ганците се поделени на две подгрупи од групата на Нигер-конгоански јазици. Јазиците кои припаѓаат во групата на ква јазици се зборуваат јужно од реката Волта, додека тие кои припаѓаат во групата на гур јазици се зборуваат северно од реката. Ква јазиците се зборуваат од повеќе од 75% од населението.[15]

Девет јазици имаат државно покровителство: акански, нзема, дагаре, дагомпски, адангме, еве, га, гонџа и касем. Иако не е службен, јазикот хауса е лингва франка на муслиманите во Гана.

Религија

Повеќе информации Деноминација ...

Христијанството е најголема религија во Гана, со околу 71,2% од населението, кои се припадници на различни христијански деноминации според податоци од 2010 година на пописот во земјата[18]. Обединувачка организација на христијаните во земјата е Христијанскиот Совет на Гана, кој бил основан во 1929 година. Во овој совет има претставници од методистичката, англиканската, менонитичката, презвитеријанската, евангелската, африканската методистичката, христијанската методистичката, евангелско-лутеранската, и други цркви. Адвентистичката црква, која не е членка на христијанскиот совет, има силно присуство во Гана. Националниот католички секретаријат, основан во 1960 година исто така ги координира различните епархии во земјата. Според пописот од 1960 година, 25% биле муслимани, 23% биле традиционалисти, 41% биле христијани, а остатокот (околу 9%) припаѓале на друга религија. Според истиот попис, 25% биле протестанти (Непентекости), 13% биле Римокатолици, 2% биле Пентекости и 1% припаѓале на независни африкански цркви. Верската толеранција во Гана е на многу високо ниво. Христијанските празници Божиќ и Велигден се признати како национални празници.

Повеќе информации Верници во Гана ...
Remove ads

Култура

Гана е држава каде има доста големо културно и етничко шаренило. Ганската култура е мешавина на повеќето етнички групи како Ашанти, Фанте, Акјем, Кваху, Га, Еве, Мампруси, Дагомба и други. Оваа разновидност е доста видлива во локалната кујна и облека. Клучни елемнти со културата се прославите на празниците и фестивалите како на пример хомово, одвира, абоакјер, додолеглиме, хогбецоцо, тедуду, деза, сандема и други. Покрај овие, секоја година се одржуваат и голем број обреди по разни пригоди.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads