Знаме на Шлезвиг-Холштајн

From Wikipedia, the free encyclopedia

Знаме на Шлезвиг-Холштајн
Remove ads

Знаме на Шлезвиг-Холштајн — хоризонтално трибојно знаме, составено од сина, бела и црвена боја.

Кратки факти Назив, Употреба ...
Remove ads

Преглед

Знамето било воведено во 1843 година и забрането во 1845 година. Било повторно воведено во 1867 година по пруската анексија на Шлезвиг-Холштајн. Било повторно укинато во 1935 година.[1]

Откако Британската воена влада донела одлука Шлезвиг-Холштајн да стане германска покраина во 1946 година, ова знаме било првпат спомнато на 29 август 1946 година. Било службено донесено како знаме на 18 јануари 1957 година.[1] Едноставното трибојно знаме е покраинското граѓанско знаме. Владините власти го користат државното знаме (Landesdienstflagge), каде на знамето е додаден грбот.[1]

Трибојното знаме претходно било користено за пруската покраина Шлезвиг-Холштајн (1868-1946).

Тоа е скоро идентично со знамињата на Кралството Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, како и знамето на Холандија свртено обратно.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads