Зоран Бојаровски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зоран Бојаровски (р. Скопје, 1957 година) – македонски новинар и сопственик и уредник на порталот Рацин.мк.
Remove ads
Кариера
Зоран Бојаровски работеше како новинар и уредник во Алфа ТВ Скопје. Oд 2002 година е активен учесник во програмите на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), како тренер/предавач и проект координатор. Во рамките на Едногодишната школа за новинарство на МИМ, ги предаваше предметите: Онлајн новинарство и мултимедиа, Вовед во новинарството, Етика, Истражувачко новинарство и Граѓанско новинарство Работел на креирање на програмите и реализација на тренинзите за Известување од полиција и суд, Известување за различности, Известување за млади… Новинарската кариера ја започна во Македонската телевизија. Во 1992 година, заедно со група новинари и телевизиски креативци беше тимот што ја создаде програмската концепција на А1 Телевизија. Во телевизијата работел како новинар, уредник, програмски директор, продуцент. Автор е на десеттици документарни филмови и добитник на неколку меѓународни признанија. Како автор и продуцент бил дел од неколку меѓународни ТВ проекти. Од 1997 година е во печатените медиуми. Во магазинот Форум бил заменик главен уредник и главен уредник. Бојаровски е еден од основачите и главен уредник на веб порталот Кирилица. Се јавува како ко-автор на неколку книги за медиуми и за други теми како дел од тимската работа во нивната подготовка („Столбовите на демократијата” /делот за медиуми/; „Охрид и потоа”, „Пишување за електронски медиуми”; „Пишување за печатени медиуми”). Од 2022 година, е сопственик, главен и одговорен уредник на порталот Рацин.мк.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads