Изоноја (месечина)

месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia

Изоноја (месечина)
Remove ads

Изоноја {од старогрчки: Ἰσονόη}, наречена и Јупитер XXVIповратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард, и ја добила привремената ознака S/2000 J 6.[1][5]

Кратки факти Откривање, Откритие на ...

Има пречник од 4 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23.833.000 км за 688,61 дена. Има наклон од 166° кон еклиптиката (169° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока на движење и занос од 0,166.

Именувана е во октомври 2002 г. по Изоноја, една од Данаидите од старогрчката митологија и љубовница на Зевс (Јупитер).[6]

Изоноја ѝ припаѓа на Кармината група, сочинета од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 23 до 24 Гм и наклон од околу 165°.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads