Изотопи на калифорниумот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калифорниумот (98Cf) е вештачки елемент, и затоа не може да се даде неговата стандардна атомска тежина. Како и сите вештачки елементи, тој нема стабилни изотопи. Првиот изотоп што бил синтетизиран бил 245Cf во 1950 година. Постојат 20 познати радиоизотопи кои се движат од 237Cf до 256Cf и еден јадрен изомер, 249mCf. Најдолговечниот изотоп е 251Cf со време на полураспад од 898 години.


Remove ads
Список на изотопите
- mCf – Возбуден јадрен изомер.
- ( ) – Неизвесноста (1σ) е дадена во концизен облик во загради по соодветните последни цифри.
- # – Атомска маса означена со #: вредноста и неизвесноста не се само изведени само од опитни податоци, туку барем делумно од трендови од масената површина (TMS).
- Облици на распад:
EC: Електронски зафат SF: Спонтан распад - ( ) спинова вредност – Означува спин со слаби зададени аргументи.
- # – Вредностите означени со # не се само изведени од опитни податоци, туку барем делумно и од трендови во соседните нуклиди (TNN).
- Најлесниот нуклид за кој се знае дека подлежи на спонтано цепење како негов главен распаден начин
- Голем неутронски напречен пресек, тежнее да ги апсорбира неутроните
- Најчест изотоп
Remove ads
Актиниди спроти фисиони производи
Remove ads
Калифорниум-252

Калифорниумот-252 (Cf-252, 252Cf) подлежи на спонтана фисија со однос на разгранување од 3,09% и се користи кај мали неутронски извори. Фисионите неутрони имаат енергетски опсег од 0 до 13 MeV со средна вредност од 2,3 MeV и најверојатна вредност од 1 MeV.[9]
Овој изотоп произведува високи емисии на неутрони и има голем број на намени во индустриите како што се јадрената енергија, медицината и петрохемиските истражувања.
Јадрени реактори
Неутронските извори на калифорниум-252 најмногу се користат при стартување на јадрени реактори. Штом реакторот ќе се наполни со јадрено гориво, стабилната емисија на неутрони од споменатиот извор ја започнува верижната реакција.
Воена индустрија
Преносливата изотопска неутронска спектроскопија (ПИНС) што ја користат Вооружените сили на Соединетите Држави, Националната гарда, домашната безбедност и Царината и граничната заштита, користи извори од 252Cf за откривање на опасна содржина во артилериски проектили, минофрлачки проектили, ракети, бомби, нагазни мини.[10][11]
Нафта и петролеј
Во нафтената индустрија, 252Cf се користи за пронаоѓање на слоеви на нафта и вода во нафтени бунари. Инструментацијата се спушта во бунарот, кој ја бомбардира формацијата со високоенергетски неутрони за да се одреди порозноста, пропустливоста и присуството на јаглеводороди долж должината на бушотината.[12]
Медицина
Калифорниумот-252 исто така се користи во лекувањето на сериозни облици на рак. За одредени видови на рак на мозокот и грлото на матката, 252Cf може да се користи како поисплатлива замена за радиумот.[13]
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads