Икер-Рандов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Икер-Рандов (германски: Uecker-Randow) — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на некогашните окрузи Пазевалк, Икерминде и дел од округот Штразбург. На 4 септември 2011 бил припоен кон новиот округ Западна Померанија-Грајфсвалд.
Соседни окрузи му биле (од југ надесно) Укермарк во Бранденбург, Мекленбург-Штрелиц и Источна Западна Померанија. На исток се наоѓало Западнопоморското Војводство во Полска.
Remove ads
Грб
![]() |
Грбот прикажува грифон лево и орел на десната страна. Грифонот е симбол на Померанија, додека орелот е симбол на Бранденбург. Историски, територијата на округот била поделена помеѓу овие две држави. Кулата во средина ја претставува големата кула во Пазевалк, административното седиште на округот. Брановитите линии долу се за двете главни реки (Икер и Рандов), од кои потекнува името на округот, како и за Шчеќинскиот Залив во Балтичкото Море. |
Remove ads
Градови и општини
Remove ads
Надворешни врски
![]() |
„Икер-Рандов“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Регионална туристичка страница (англиски) (германски) (шведски) (полски)
- Туристичка страница (англиски) (германски) (шведски) (полски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads