Илјо Кејсе
белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илјо Кејсе (холандски: Iljo Keisse; р. 21 декември 1982 во Гент) — поранешен белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2022. Кејсе настапувал и на велодромски и на друмски трки, специјализирајќи се во возење на трки во траење од шест дена. Седум пати ја има освоено трката Шест дена Гент, а на подиум се има качено 12 пати.[1]
Remove ads
Животопис
Кејсе е роден во Гент. Заедно со неговиот колега Метју Гилмор, освоил три трки од шест дена во 2005/2006: Гренобл, Гент и Хаселт. По неговата победа на Шест дена Гент 2008, обата примероца А и Б се покажале позитивни на катин и диуретик, кој бил користен за прикривање на присуствово на допинг средства. Бил отпуштен од неговата екипа, Топспорт Вландерен-Меркатор, на 11 јануари 2009 година.[2] Се приклучил на екипата Џон Сеј-Дешахт-Хјундаи во мај 2009 година.[3]
На 2 ноември 2009 година, Кејсе бил прогласен за невин, откако истражувачите пронашле дека позитивните резултати не биле резултат на намерен допинг и најверојатно потекнале од контаминација на додаток во исхраната.[4] На 7 јули 2010 година, Арбитражниот суд за спорт ја потврдил жалбата од Светската антидопинг агенција и му одредил суспензија на Кејсе. Му биле признати 11 месеци суспензија, со што можел да се врати на трките во август 2011 година.[5] Во ноември, одлуката на судот била одбиена од белгискиот Апелациски суд, дозволувајќи му на Кејсе да настапи на Шест дена Гент 2010.[6] Кејсе останал под суспензија во Белгија до 27 јануари 2012 година, но повторно потпишал со Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[7]
На 28 април 2012 година, Кејсе ја освоил седмата етапа на Трката околу Турција во драматична завршница: по падот во последната кривина морал да го намести ланецот пред да спринта на целта пред групата. Првите возачи го добиле истото време како неговото.[8] Ова била првата професионална победа во неговата кариера и негова последна во изминатите две години. Негова следна победа била на класикот Шатору во август 2014 година.[9]
Уште една победа остварил во 2015 година, на Ронде ван Зеланд; ја освоил трката од групата на тројца возачи на Етикс-Квик Степ кои претходно се одвоиле.[10] На Џиро д’Италија, Кејсе ја освоил последната етапа во Милано, изместувајќи ги плановите на спринтерите. Се одвоил со возачот на Орика-ГринЕЏ Лук Дарбриџ и го претекнал за победа.[11]
Кејсе објавил дека во текот на сезоната 2022 ќе се повлече и дека негова последна трка ќе биде Шест дена Гент. Возејќи заедно со Јаспер де Бујст, завршил трет на негово 18. учество на трката.[12]
Remove ads
Достигнувања
Велодромски велосипедизам
- 2004
- 2. Шест дена Гент (со Андреас Бајкирх)
- 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули)
- 3. Шест дена Гренобл (со Ваутер ван Мехелен)
- 2005
- 1.
Европско првенство - медисон (со Метју Гилмор)
- 3.
Светско првенство - медисон
- 1. Шест дена Фјоренцуола (со Метју Гилмор)
- 1. Шест дена Гренобл (со Метју Гилмор)
- 1. Шест дена Гент (со Метју Гилмор)
- 3. Шест дена Амстердам (со Метју Гилмор)
- 3. Шест дена Бремен (со Марко Вила)
- 2006
- 1.
Европско првенство - дерни
- 1.
Државно првенство - бодовна трка
- 1. Шест дена Хаселт (со Метју Гилмор)
- 2. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лајф Лампатер)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Ротердам (со Метју Гилмор)
- 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули)
- 2007
- 1. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко)
- 2.
Светско првенство - бодовна трка
- 2. Шест дена Мастрихт (со Марко Вила)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Минхен (со Франко Марвули)
- 2. Шест дена Хаселт (со Марко Вила)
- 3. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 2008
- 1.
Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- Национални првенства
- 1. Шест дена Штутгарт (со Роберт Бартко & Лејф Лампатер)
- 1. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Гент (со Роберт Бартко)
- 1. Шест дена Минхен (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Цирих (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Хаселт (со Кени де Кетеле)
- 2. Шест дена Фјоренцуола (со Франко Марвули)
- 3. Шест дена Амстердам (со Роберт Бартко)
- 3. Шест дена Копенхаген (со Дани Стам)
- 3. Шест дена Ротердам (со Роберт Бартко)
- 2009
- Национални првенства
- 2. Шест дена Гент (со Роџер Клуге)
- 3. Шест дена Гренобл (со Џани Мерсман)
- 2010
- 1. Шест дена Гент (со Петер Схеп)
- 1. Шест дена Ротердам (со Дани Стам)
- 2. Шест дена Бремен (со Роберт Бартко)
- 2. Шест дена Копенхаген (со Роберт Бартко)
- 2011
- 1.
Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле)
- Национални првенства
- 1. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Гренобл (со Морган Кнајски)
- 1. Шест дена Цирих (со Франко Марвули)
- 2012
- 1. Шест дена Гент (со Глен О’Ши)
- 1. Шест дена Гренобл (со Кени де Кетеле)
- 1. Шест дена Копенхаген (со Марк Хестер)
- 2. Шест дена Амстердам (со Ники Терпстра)
- 3. Шест дена Бремен (со Лајф Лампетер)
- 3. Шест дена Берлин (со Кени де Кетеле)
- 2013
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Цирих (со Силван Дилје)
- 2. Шест дена Гент (со Вим Струтинга)
- 3. Шест дена Гренобл (со Јаспер де Бујст)
- 2014
- Национални првенства
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Шест дена Цирих (со Марк Кевендиш)
- 2. Шест дена Гент (со Марк Кевендиш)
- 2015
- 1. Шест дена Гент (со Михаел Меркев)
- 1. Шест дена Ротердам (со Ники Терпстра)
- 1. Револушн Коло 2 (со Енди Тенант)
- 1. Револушн Коло 3 (со Вим Струтинга)
- 1. Бодовна трка
- 1. Елиминациска екипа
- 3. Шест дена Лондон (со Гејс ван Хуке)
- 2016
- 2. Краен пласман Лига на прваци Револушн
- 3. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
- 2017
- 1. Шест дена Бремен (со Марсел Калц)
- 2018
- 1. Шест дена Гент (со Елија Вивијани)
- 2019
- 1. Шест дена Бремен (со Јаспер де Бујст)
- 2022
- 3. Шест дена Гент (со Јаспер де Бујст)
Распоред на резултатите на „Шест дена“
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Друмски
- 2004
- 1. Етапа 6 Тур ди Лоар ет Шер
- 5. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 2005
- 9. Брисел-Ингоигем
- 2006
- 4. Флеш Хесбињон
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 9. Краен пласман Тур де Валони
- 2007
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 7. Хале-Ингоигем
- 8. Омлоп ван хет Васланд
- 2008
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 4. ГП Брик Шоте
- 2011
- 10. Класик Дач Фуд Вали
- 2012
- 1. Етапа 7 Трка околу Турција
- 2013
- 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
- 3. Минстерланд Џиро
- 2014
- 1. Класик Шатору
- 2. ГП Брик Шоте
- 2015
- 1. Ронде ван Зеланд
- 1. Етапа 21 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Чешка
- 1. Профронде Дерне
Награда за борбеност на етапа 5 Вуелта а Еспања
- 2017
- 1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
- 1. Текстилпрејс Вихте
- 3. Ле Самин
- 3. Хале-Ингоигем
- 10. Дварс дор Вест-Вландерен
- 2020
- 2. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads