Елија Вивијани
италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елија Вивијани (италијански: Elia Viviani; р. 7 февруари 1989 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[2]
На 10 мај 2015 година, Вивијани ја освоил својата прва победа на некоја голема трка, на Џиро д’Италија, освојувајќи ја втората етапа во масовен спринт пред Морено Хофланд и Андре Грајпел.[3][4]
Во август 2016 година, Вивијани го освоил златниот медал во омниум на Летните олимписки игри.
Remove ads
Кариера
Тим Скај (2015–17)
2015
Вивијани потпишал за Тим Скај на 24 октомври 2014 година откако добил понуди од Орика-ГринЕЏ и од Ванти-Груп Гобер. Ја одбрал понудата на Скај, бидејќи тие биле спремни да му помогнат во неговата цел за велодромските амбиции на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро.[5] По победата на втората етапа на Трката Дубаи, Вивијани се упатил на Светското велодромско првенство во Ивлин, освојувајќи два медала вклучувајќи бронза на олимпискиот настан на кој целел, омниум. Во друмска категорија, Вивијани освоил етапи на Тур де Романди, Енеко Тур и ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, на втората етапа на Џиро д’Италија.[6] Сезоната ја завршил добро, станувајќи европски велодромски првак во категоријата омниум, со што добил олимписки квалификациски бодови.[7] Исто така, освоил три етапи на Трката околу Британија и завршил на Средниот Исток, каде што ја започнал сезоната, со победа на Трката Абу Даби.
Квик-Степ Флорс (2018–19)
2018
Вивијани потпишал за екипата Судал Квик-Степ пред сезоната 2018, заменувајќи го Марсел Кител, кој се приклучил на Катјуша-Алпесин.[8] Имал добар почеток со победа на третата етапа на Тур Даун Андер, 50. професионална победа од неговиот почеток во 2010 година. Продолжил со формата на Средниот Исток, каде ја освоил првата голема титула и две етапни победи на Трката Дубаи, како и една етапа на Трката Абу Даби. Се вратил во Европа за неговата прва цел во сезоната, каде завршил на 19. место на Милано-Санремо. Имал успех во Белгија на Три дена Брухе-Де Пане, но доживеал емотивен пораз на Гент-Вевелгем, каде завршил втор зад Петер Саган.[9] Го освоил националното друмско првенство.
2019
Повторно започнал добро во Австралија, освојувајќи ја воведната етапа на Тур Даун Андер, по што следел еднодневниот класик Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“, каде бил подобар од претходната година. Следна победа на Вивијани бил на Трката ОАЕ, еден месец подоцна како подготовка за двете големи трки на кои требало да учествува - Џиро д’Италија и Тур де Франс. По победата на третата етапа на Тирено-Адријатико, имал сушен период главно поради лоша среќа на Џиро д’Италија, каде бил дисквалификуван по победа на спринт на третата етапа, откако се сметало дека неправилно го затворил возачот на Трек-Сегафредо, Матео Москети.[10] По минатогодишниот успех, не успеал да освои ниту една етапа на домашните трки додека го носел националниот дрес.
Како подготовка за Тур де Франс освоил два спринта по ред на Тур де Свис, пред да ја освоил неговата прва етапа на Тур.[11] Вивијани бил во врвна форма на Тур, освојувајќи го Класик Лондон-Сари. Откако ја изгубил трката за националниот дрес во јуни, го заработил правото да носи нестандарден екипен дрес и наредната година откако победил на европското друмско првенство на 11 август во Алкмар. Победил од трочлено бегство по напад од неговиот колега Ив Ламперт, поразувајќи го него и Паскал Акерман.[12]
Кофидис (2020-денес)
Во август 2019 година, Вивијани објавил дека ќе се приклучи на Кофидис за сезоната 2020 заедно со неговиот помошник за спринтови Фабио Сабатини.[2]
Remove ads
Достигнувања
друмски велосипедизам
- 2009
- 4. ЗЛМ Тур
- 7. Ла Кот Пикард
- 2010
- 1. Меморијал Марко Пантани
- 1. Бјанке-Турне-Бјанке
- 1. Етапа 7 Вуелта а Куба
- 1. Етапа 7 Трка околу Турција
- 3. Гран Премио Чита ди Мизано-Адријатико
- 7. Краен пласман Еурометропол
- 2011
- 1. Гран Премио дела Коста Етруски
- 1. Трка околу Мумбај I
- 1. Копа Чита ди Стреза
- САД Про Сајклинг Челинџ
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- Џиро ди Паданија
- 1. Етапа 2
- 1. Бодовен пласман
- 1. Спринтерски пласман
- 1. Етапа 4 Трка околу Пекинг
- 1. Етапа 2 Трка околу Словенија
- 2. Трка околу Мумбај II
- 2012
- 1.
Краен пласман Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 1. Етапа 6 Тур де Сан Луис
- 1. Гран Премио дела Коста Етруски
- 1. Етапа 2a Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 1 Трка околу Пекинг
- 2. Меморијал Марко Пантани
- 2013
- 1.
Краен пласман Трка Елк Гроув
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Дач Фуд Вали Класик
- 1. Етапа 2 Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 1 Трка околу Британија
- 5. Ватенфал Класик
- 7. ГП Западна Франција
- 7. ГП де Фурмие
- 2014
- 1. Копа Берноки
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 3 Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 4 Трка околу Словенија
- 1. Етапа 4 САД Про Сајклинг Челинџ
- 2. Бриселски велосипедски класик
- 3. Гран при де Фурмје
- 9. РајдЛондон-Сари Класик
- 2015
- 1. Етапа 2 Џиро д’Италија
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 8
- Трка Абу Даби
- 1. Етапа 1 Енеко Тур
- 1. Етапа 2 Дубаи Тур
- 1. Етапа 1 (TTT) Тур де Романди
- 2. Трофео Сантањи-Сес Салинес-Кампос
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 2016
- 1. Етапа 2 Трка Дубаи
- 1. Етапа 2 Три дена Де Пане
- 2017
- 1. Јуроајс Класик
- 1. Класик Бретања
- Трка околу Австрија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 3 Тур де Романди
- 1. Етапа 2 Рут ди Сид
- 1. Етапа 2 Трка околу Британија
- 2.
Европско друмско првенство
- 2. Схелдепрејс
- 3. ГП Бруно Бегели
- 5. Краен пласман Трка Дубаи
- 6. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 9. Милано-Санремо
- 2018
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Јуроајс Класик
- 1. Три дена Де Пане
- Џиро д’Италија
- 1.
Бодовен пласман
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 13
- 1. Етапа 17
- 1.
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 10
- 1. Етапа 21
- 1.
Краен пласман Трка Дубаи
- Трка Адријатика Јоника
- Трка Абу Даби
- 1. Етапа 3 Тур Даун Андер
- 2. Гент-Вевелгем
- 2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 2. Класик Лондон-Сари
- 2. Дварс дор хет Хагеланд
- 6. Светска турнеја на UCI
- 2019
- 1.
Европско друмско првенство
- 1. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 1. Класик Лондон-Сари
- 1. Јуроајс Класик
- Трка ОАЕ
- Тур де Свис
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 4 Тур де Франс
- 1. Етапа 1 Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 4 Трка околу Словачка
- 2. Такс Про Класик]]
- 3. Три дена Брухе-Де Пане
- 2020
- 9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 10. Трка Торкеј
Распоред на резултатите на големите трки
Распоред на резултатите на класиците
Распоред на резултатите на првенствата
СО = се откажал; — = не учествувал
Велодромски велосипедизам

- 2006
- 1.
Европско јуниорско првенство - скреч
- 3.
Светско јуниорско првенство - медисон
- 2007
- Европски јуниорски првенства
- Национални јуниорски првенства
- 3.
Светско јуниорско првенство - екипна потера
- 2008
- Европски првенства под 23 години
- 2009
- 1.
Европско првенство под 23 години - скреч
- 2010
- 1.
Национално првенства - омниум
- 2011
- Европски првенства под 23 години
- 1.
Омниум
- 1.
Бодовна трка
- 2.
Медисон (со Давиде Чимолаи)
- 1.
- Национални првенства
- 1.
Поединечна потера
- 1.
Медисон (со Давиде Чимолаи)
- 1.
Бодовна трка
- 2.
Скреч
- 2.
Екипна потера
- 3.
Кило
- 1.
- 2.
Светско првенство - скреч
- 3.
Европско првенство - омниум
- 3.
Светски куп - омниум (Астана)
- 2012
- Европски првенства
- 2013
- Европски првенства
- Национални првенства
- 2014
- 1.
Европско првенство - омниум
- Национални првенства
- 2015
- 1.
Европско првенство - омниум
- 1. Шест дена Фјоренцуола (со Алекс Бутацони)
- Светски првенства
- 2016
- 1.
Олимписки омниум
- 1. Шест дена Фјоренцуола (со Микеле Скартецини)
- 3. Шест дена Гент (со Илјо Кејсе)
- 2018
- Европски велодромски првенства
- 1. Шест дена Гент (со Илјо Кејсе)
- 3.
Светски куп Лондон (омниум)
- 2019
- 1.
Европско првенство - елиминациска трка
- 1.
Државно првенство - омниум
- 1. Шест дена Лондон (со Симоне Консони)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads