Ингемар Стенмарк

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ингемар Стенмарк
Remove ads

Јан Ингемар Стенмарк (шведски: Jan Ingemar Stenmark) - поранешен шведски алпски скијач. Се смета за еден од најдобрите шведски спортисти на сите времиња[1] како и најдобар светски слаломаш и велеслаломаш на сите времиња.

Кратки факти Лични податоци, Полно име ...
Thumb
Ingemar Stenmark (1979)

Стенмарк е роден во Јоеше во покраината Лапонија во Шведска на 18 март 1956 година. Почнал да скија како петгодишно дете, а првпат победил на национален натпревар кога имал осум години.

Remove ads

Рекорди

Стенмарк е рекордер по бројот на победи во Светскиот куп, победил на 86 натпревари, додека следниот на ранг листата е Херман Маер со 54 победи. Сите победи ги остварил во слалом и велеслалом. Ретко се натпреварувал во спуст и комбинација, а супервелеслалом се појавил кога тој бил на крајот на својата кариера.

На Олимписките игри во Сараево не можел да учествува бидејќи имал статус на професионалец, па со самото тоа не ги бранел златните одличја освоени во 1980 година во Лејк Плесид. Четири години подоцна му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Калгари.

Remove ads

Останато

Во периодот од 1976 до 1978 година, кога бил победник на Светскиот куп, заедно со тенисерот Бјорн Борг станал национална икона во Шведска. Тоа не се променило ни со неговата преселба во Монако заради пониските даночни стапки. Го преживеал земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година за време на престојот во Тајланд.

Освоени кристални глобуси

Повеќе информации Сезона, Дисциплина ...

Победи во Светскиот куп

Повеќе информации Датум, Место ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads