Индијанска Територија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Индијанска Територија
Remove ads

Индијанска Територија или „Индијанско подрачје“ — територија во САД посебно одредена за домородните племиња. Границите биле одредени со посебен закон од 1834 година.

Thumb
Индијанската Територија, 1836
Thumb
Оклахома и Индијанската Територија, 1890-ти години
Thumb
Индијанската Територија, 1891

Територијата служела како одредиште за отстранување на Индијанците од страна на американските претседатели од тоа време (почеток на 19 век). Со законот за преселба на Индијанците од 1830 година, претседателот Ендрју Џексон присилно ги преселил таканаречените „Пет цивилизирани племиња“ од југот. Преселбата е позната под името „патеката на солзите“. Патот завршувал во Арканзас и Оклахома, каде веќе живееле некои индијански племиња, како и бели дојденци и избегани робови. Племињата како што се Чеените, Апачите и други, се исто така насилно иселени од земјата на своите предци и префрлени се на Индијанската Територија.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads