Ицехо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ицехо (германски: Itzehoe; долногермански: Itzhoe) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Градот претставува административен центар на округот Штајнбург. Исто така, градот претставува административен центар на општинската заедница Ицехо-Ланд, иако самиот град не претставува нејзин член.
Се наоѓа на реката Штер, пловна притока на Елба, 51 километар северозападно од Хамбург и 24 километри северно од Гликштат.
Црквата Св. Лаврентиј, потекнува од XII век, а како друга знаменитост се издвојува дворецот на Холштајн. Градот има манастир основан во 1256 година, повеќе училишта, болница и други институции.
Ицехо е најстар град во Холштајн. Негов никулец бил замокот, изграден во 809 година од Егберт, еден од грофовите на Карло Велики, против Данците. Населбата која се развила околу него била понекогаш нарекувана како Есевелдобург, Еселсфлет и Ецехо. Во 1201 година, градот бил уништен, но бил обновен во 1224 година. Новиот град добил градски права во 1238 година, а стариот град во 1303 година. Во текот на Триесетгодишната војна Ицехо бил двапати уништен од Шведска, во 1644 година и во 1657 година, но бил изграден секој пат. Преминал на Прусија во 1867 година.
Во градот се наоѓа музеј посветен на Венцел Хаблик.
Remove ads
Луѓе
- Забине Зинјен (1942-1995) — глумица
- Антје Блументал (р. 1947) — политичарка
- Силвија Конвај (р. 1948) — уметник
- Хајгер Остертаг (р. 1953) — историчар
- Свен Бутеншен (р. 1976) — хокеар на мраз
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


