Штајнбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Штајнбург (германски: Steinburg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Дитмаршен, Рендсбург-Екернферде, Зегеберг и Пинеберг и со реката Елба (на спротивната страна на реката се наоѓа округот Штаде).
За други значења на поимот, погл. Штајнбург (појаснување).
Remove ads
Историја
Името на округот е изведено од истоимениот средновековен замок, од каде владееле војводите на Холштајн. Овој замок бил првпат споменат во 1307 година, а бил напуштен и урнат во 1630 година. Меѓутоа, името останало да важи за целата област, а негово ново средиште станал Гликштат пред постепено да биде преземен од Ицехо.
Кога Шлезвиг-Холштајн станала покраина на Прусија во 1867 година бил основан округот Штајнбург. Границите останале непроменети до 1970 година, кога новосоздадениот град Шенефелд (порано дел од округот Рендсбург) се приклучил на Штајнбург.
Remove ads
Географија
Округот се наоѓа на северниот брег на реката Елба, близу нејзиното устие. Внатрешноста на округот е многу рамна. Реката Штер, десна притока на Елба, тече низ округот. Денес, градовите во Штајнбург, постепено стануваат дел од растечката метрополитенска област Хамбург. Најниската точка во цела Германија со 3,54 метри под морето се наоѓа близу градот Вилстер во округот Штајнбург, додека највисока точка во Штајнбург е Ицешпице (83,4 м).
Remove ads
Грб
Градови и општини
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads