Ишиклар

село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ишиклар (грчки: Λεβέντης, до 1927 Ισικλάρ, Исиклар) - село во Грција, Општина Кожани, област Западна Македонија, односно Егејскиот дел на Македонија. Во 2011 година во Ишиклар биле регистрирани 7 луѓе.[1]

Кратки факти Ишиклар, Држава ...
Remove ads

Географија

Ишиклар е расположено источно од Кожани, на југозападните падини на Каракамен.

Историја

Во Османлиската Империја

На крајот на XIX век Ишиклар било етничко турско село во Кожанска каза на Османлиската Империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ашиклар, Кожанска каза, имало 319 Турци. Според грчкото конзулство во Еласона во 1904 година во Ашиклар (Ασικλάρ) живееле 110 Турци.[2][3]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегле грчки единици и после Втората балканска војна во 1913 година останало под Грција. Во 1913 година селото имало 136 жители.[4] Во 20-тите години населението се иселило во Турција и на негово место биле доведени бегалци од Турција. Во 1927 година името на селото било сменето во Левендис или Фарос.[5] Во 1928 година Ишиклар било целосно бегалско со 19 семејства и 63 жители бегалци.[6]

Во 2001 година во Ишиклар биле регистрирани 12 луѓе.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads