Кабаснички манастир

манастир кај Кабасница, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кабаснички манастир „Св. Марко“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Μάρκου) — женски манастир во селото Кабасница, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Кабаснички манастир, Место ...

Манастирот се наоѓа во подножјето на планината Баба на надморска височина од 959 м. Основан е во 1864 г. од митрополитот Мелетиј Мегленски.[1] Според секретарот на егзархиската митрополија Васил Трифонов, годината на создавање на манастирот е 1862 и е посветен на Свети Атанасиј и на Свети Евангелист Марко.[2]

Сè крајот на отоманското владеење, манастирот останал патријаршиски.[2] За време на грчка вооружена пропаганда во Македонија на почетокот од XX век бил седиште на андартските чети во нивната борба против комитите на ВМОРО. Во него често престојувале Павлос Мелас, Лакис Пирзас и други андартски капетани.[1]

Со припојувањето на Егејска Македонија кон Грција по Балканските војни (1912 – 1913) манастирот доживеал расцут, но за време на Граѓанската војна (1946 – 1949) бил целосно уништен од бомбардирање и останал запустен. Во 2000 г. митрополитот Теоклит Лерински го обновил монашкиот живот во него. Изградени се нови конаци, а црквата е целосно обновена.[1][3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads