Кабасница
село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кабасница или Кладошница (грчки: Πρώτη, Проти; до 1928 г. Καμπάσνιτσα, Кабасница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 120 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено 3 км северно од Лерин, во подножјето на планината Пелистер. Лежи во западниот крај на Леринското Поле близу државната граница со Р Македонија. Крај селото се наоѓа Кабасничкиот манастир („Св. Марко“).[4]
Историја
Кабасница за првпат се спомнува во две златни були на царот Стефан Душан (од 1343-44 и 1344-45 г.) под името Кл’басница (Клъбасница).
Во Отоманското Царство
Селото се јавува во османлиски дефтер од 1481 г. во кој е заведено со 80 домаќинства.[5]
Во XIX век Кабасница било големо македонско село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кладошница (Kladochnitza) е село со 40 домаќинства од вкупно 110 жители Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кладошница имала 620 жители Македонци.[6][8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. К'басница се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]
На почетокот на векот во Кабасница работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кабасница (Kabasnitza) живееле 520 Македонци под Цариградската патријаршија и во селото работело грчко училиште.[10] Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото броело 80 македонски куќи.[3]
Remove ads
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 637 жители.[3] Во 1920 г. во него се попишани 617 лица. Во 1928 г. властите го преименувале во Проти, кога имало 683 жители.[11]
Иако меѓу светските војни имало иселување во прекуокеанските земји, населението продолжило да расте, па во 1940 г. имало дури 802 жители.[3] Селото не настрадало во Граѓанската војна, иако селскиот Павле Аспров од Лаген е убиен поради неговото противење на грчката власт.[12] Во 1951 г. е забележано умерено намалување на вкупно 743 лица, но ова набргу почнало да се засилува поради огромното иселување во прекуокеанските земји. Така, во 1961 г. населението опаднало на 303 лица, кои на следниот попис од 1971 г. станале 143.[3]
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е. македонско) и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[13]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Верски објекти
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1858 г.
- Кабаснички манастир („Св. Марко“) од 1864 г.
Стопанство
Селото важи за сиромашно поради полупланинскиот карактер, и уште од постаро време живеело од печалбарство.[3]
Личности
- Поп Тодор (? – 1898/99) — учител во Горно Неволјани и свештеник во Лерин[14]
- Јован Икономов — гркомански свештеник, деец на грчката пропаганда
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads