Кавалски Залив
залив во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кавалски Залив (грчки: Κόλπος της Καβάλας) — залив на Егејското Море во источна Егејска Македонија. Раздвоен е од т.н. Тракиско Море со островот Тасос. На неговиот брег излегуваат традиционалните краишта Правишко, Кавалско и Саришабанско.
Remove ads
Географија
Заливот се протега од ’ртот Врасида на југозапад до ’ртот Керемидли на југоисток. Широк е 28 км и навлегува 12 км во правец на копното.[1] Има полукружен облик со благи подводни косини кои стануваат пострмни близу брегот. Просечната длабочина изнесува 32 м, а најголемата е 60 м во подрачјето западно од Тасос. Од тој остров одвоен е со Тасоскиот Проток, широк 13,5 км).[2]
Remove ads
Стопанска улога и екологија
Градот Кавала е сместен приближно во средината на заливскиот брег. Западно од него се туристичките населби како Кале Чифлик и Нова Ираклица, а на исток има индустриски капацитети и земјоделски површини. Во источниот дел од заливот има и низа лагуни.[2] Загадувањето доаѓа од градскиот отпад на Кавала и други крејбрежни места, од земјоделството, од фабриката за фосфатни ѓубрива и од вадењето нафта.[3]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads