Кадина Пештера

пештера кај Гумалево, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia

Кадина Пештераmap
Remove ads

Кадина Пештерапоткапина на левиот брег на Кадина Река во близината на селото Гумалево, Општина Зелениково, Скопско. Од неодамна таа претставува познат и доста посетувано место за спортско качување и алпинизам[1].

Кратки факти Кадина Пештера, Место ...
Remove ads

Местоположба

Кадина Пештера претставува поткапина на голема варовничка карпа која се издигнува високо веднаш над левиот брег на Кадина Река на 1 километар југозападно од селото Гумалево. Пештерата се издигнува 50 метри над самиот брег на Кадина Река на местото каде што таа прави завој течејќи низ тесна клисура. Месното население ја нарекува само како Пештера или Шпела (на албански), додека името Кадина Пештера и е дадено од спортските качувачи и планинарите, поради нејзината непосредна близина над Кадина Река.

Remove ads

Одлики

На запад од селото Гумалево, од левата страна на Кадина Река, на допирот помеѓу кристалесттите шкрилци и дискордантно на нив поставените хипуритски варовници, изградена е голема поткапина, со должина од 80 до 100 метри и височина од 15 метри[2]. Во внатрешноста на поткапината има појава на мали пештерски украси, сталактити[3]

Спортско качување

Почнувајќи од 2013 годиниа, кога од спортските качувачи и алпинисти се откриени можностите кои ги нуди, Кадина Пештера е препознаена како извонреден и големо место со интересна варовничка карпа која претставува еден вид спортско качувачко богатство и во моментов нуди можност за качување на 12 насоки со тежина која варира од 6а до 7c+[1]. Започнувајќи од 2014 година, секоја година, на почетокот на пролетта во месец март, на Кадина Пештера се одржува „Цветен качувачки фестивал - Кадина Пештера“[4]. За потребите за подобар пристап до местото од заинтересираните посетители, качувачи и туристи, поставени се повеќе патоказни табли во Зелениково, Страхојадица и Гумалево, каде што на крајот на селото постои и информативна табла и обележана пешачка патека.

Галерија

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads