Страхојадица

село во Општина Зелениково From Wikipedia, the free encyclopedia

Страхојадицаmap
Remove ads

Страхојадица (албански: Strugodica) — село во Општина Зелениково, Скопско.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Торбешија, на десниот брег на Вардар и над Таорската Клисура. Пределот е рамничарски, со надморска височина од 340 м, а атарот зафаќа површина од 4 км2.[2]

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, заведено под името Стракабче, со 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 22 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 52 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 171 жител.[4]

Во XIX век Страхојадица било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населението на Стракојадица се состоело од 240 жители Арнаути[5] муслимани.[6]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Градовци и има 153 жители.[7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Страхојадица (Strahojadica) како албанско село.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[9]

Remove ads

Стопанство

Селото има полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. има 152 ха обработливо земјиште и 220 ха шуми.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Интересен е податокот што пописот од 1953 година вели дека селото се состоело од 243 Турци, 6 Роми и 2 останати. Во текот на 1950-тите бројот на Турци се преполовил, а другата половина жители станале Албанци. На пописот од 1971 г. имало 200 жители, од кои 197 биле Турци (Торбеши), а само 2 Албанци. Во текот на наредните години, бројот на изјаснетите Турци опаднал на 49, а останатите 176 се изјасниле како Албанци.[10] Оттогаш натаму не е попишан ниеден Турчин, туку само Албанци и неколкумина останати.

Според пописот од 2002 година, во селото Страхојадица живееле 268 жители, од кои 267 Албанци и 1 Македонец. Следува табела на националната структура на населението во 2002 г.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 735 жители, од кои 281 Македонец, 225 Албанци, 1 Турчин, 2 Срби, 182 Бошњаци, 1 останат и 43 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Страхојадица е мешано село, но според истражувањата од 1950 година селото било чисто албанско. Родови во селото:

  • Доселеници: Селимлар (9 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Се сметаат како први селски доселеници. Овде се доселени од селото Гумалево, каде имаат роднини наречени Исалар; Раманлар или Мезин (9 к.) потекнуваат од областа Малесија во северна Албанија. Припаѓале на фисот Круја Зи. Од таму се иселиле кон крајот на 18 век двајца браќа, Раман Ага и уште еден со непознато име. Раман се населил најпрво во селото Зелениково, а од таму преминал во селото Гумалево. Во овој род се знае следното родословие. Али (жив на 74 год. во 1950 година) Шаќир-Алија-Дурмиш-Раман, кој се доселил од северна Албанија; Кравалар (7 к.) по потекло се од фисот Круја Зи во северна Албанија. Од таму најпрво се населиле во селото Гумалево, каде имаат роднини (Пилелер), а потоа прешле во селото Страхојадица.[17]
Remove ads

Општествени установи

Иселеништво

Албанското население од селото се иселувало во Скопје, а некои и во Турција.[17]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads