Калараш (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калараш (романски: Judeţul Călăraşi) е округ во Романија, сместен во јужниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Калараш, а значаен е и градот Олтеница.
Remove ads
Географија
Местоположба

Округот Калараш е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Бугарија. Окружен е:
- на север со: Јаломица;
- на исток со: Констанца;
- на запад со: Џурџу;
- на северозапад со: Илфов.
Релјеф
Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Јужна и источна граница на округот е реката Дунав, која на југ претставува и државна граница кон Бугарија, а на исток го одвојува округот од Добруџа. Во западните делови од округот се наоѓа устието на реката Арџеш. Релјефот во округот е претежно рамничарски.
Remove ads
Демографија
Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 95% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите.
Надворешни врски
![]() |
„Калараш (округ)“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads