Калаузлија (Радовишко)

село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Калаузлија (Радовишко)map
Remove ads

Калаузлија — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Кратки факти

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 279 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Влезот на селото

Калаузлија е мало село, сместено во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш. Селото е сместено на падините на планината Плачковица, недалеку од градот Радовиш, во североисточна насока.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 610 метри.[4]

Селото се наоѓа во областа Јуруклак, на падините на планината Плачковица. Оддалечено е 6 километри североисточно од градот Радовиш.

До селото води асфалтен пат.

Remove ads

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 569 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 133 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работи продавница.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Калаузлија живееле 1.065 жители, сите Турци.[6]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Кулазлии живееле 570 Турци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[8]

Калаузлија е мало село по големина, но со пораст на населението. Така, во 1961 година броело 36 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 235 жители, турско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Калаузлија живееле 279 жители, сите Турци (Јуруци).[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 341 Турчин и 10 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Калаузлија е турско-јуручко село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]

  • Доселеници: Османовци и Демировци (7 к.), Усеиновци и Мешиновци (20 к.), Мустафовци и Османовци (14 к.), Алиловци и Реџеповци (8 к.), Ибраимовци и Аметовци (6 к.), Мамутовци и Дестановци (15 к.), Исмаиловци и Омеровци (6 к.), Шерифовци (5 к.), Адемови (4 к.), Абдуловци (4 к.), Еминовци (3 к.), Беќировци (3 к.) и Абдушовци (2 к.), сите се многу стари доселеници од Коња во Мала Азија.
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Калаузлија било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1952 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште тогашната Општина Калаузлија, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 219 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[5]
  • Бабаше — средновековна некропола;
  • Манастир — средновековна населба; и
  • Чаир — средновековна населба.
Џамии[18]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads