Кале (Долани)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кале или Градиштеархеолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 1,5 км јужно од селото се издига висок рид што надвладува над околниот терен. Североисточно од него е ридот Руса, одвоен со длабокиот дол Скоко, а јужно е ритчето Шумакот. На врвот има големо зарамнето плато со површина од 160 на 150 м, на кое по рабовите се гледаат остатоци од бедем широк 1,20 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. На западниот крај бедемот е зачуван во должина од 50 м и височина од 1 до 2,50 м. Во внатрешниот простор на населбата има остатоци од темели на помали градби и многубројни градежни материјали.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads