Долани

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Доланиmap
Remove ads

Долани — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Пејзаж на Ѓупски Рид во атарот на селото

Селото се наоѓа во средишниот дел на Општина Штип, јужно од градот Штип, на потегот помеѓу левата страна на реката Брегалница и десната страна на реката Крива Лакавица.[2] Селото е рамнинско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 7 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 (Штип-Радовиш) од кого е оддалечено 4,5 километри.[2]

Селото се наоѓа во долините на суводолиците Ченгиица и Балевица. Околу него се наоѓаат повеќе извори и чешми како: Балевички Извори, Митрина Чешма, Јербичова Вода, Караѓоска Чешма, Чапк’нова Чешма и други.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Долани било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоци на повеќе наоѓалишта, сместени во близина на селото.[3]

Долани се споменува како село кое најнапред од сите штипски села се побунило против туѓинскиот јарем. Се смета за старо село со зачувани родови.

Во минатото, во селото работело училиштето „Браќа Даневи“. Како прв учител се споменува Арсо Прошев кој работел под покровителството на црквата „Св. Симеон“.

Долани било посетувано од познати македонски војводи: Гоце Делчев, Мише Развигоров, Гене Војвода, Ефрем Чучков, Славејко Арсов и други, поради што селото е наречено комитско.

Во Долани е испечатен првиот извадок на „Народен Глас“. При крајот на 1908 година и следната 1909 година, турската власт во Долани населила босанско население наречено Бошнаци, а староседелците биле приморени да го напуштат селото.

Од Долани потекнуват Ристо Стојков, Крсто Митев, Методи Данев и Станое Данев-Стариот, кој прв го понел црвеното знаме во селото. Овие четворица првоборци биле стрелани од бугарскиот фашистички окупатор на 3 август 1944 година. Во нивна чест на самото вртење од регионалниот пат е подигнат споменик.

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 18,4 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.030,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 524,6 хектари и на шумите 196,6 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долани живееле 270 жители, сите Македонци.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долани имало 336 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 25 до 50 Власи.[6]

Во 1961 година селото броело 401 жител, од кои 244 биле Македонци, а другите биле забележани како останати и непознато, но дел од нив биле Власи, а во 1994 година бројот се намалил на 98 жители, од кои 78 биле Македонци, а 18 жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 73 жители, од кои 67 Македонци и 6 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 14 Македонци, 2 Власи и 2 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долани:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • Поранешна пошта

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Долани било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Штипска градска општина, во која покрај селото Долани се наоѓале градот Штип и селото Ново Село. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Долани, во која влегувале селата Долани, Липов Дол, Љуботен и Чифлик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2312 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[11]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[12]
Манастири
  • Долански манастир - манастир во селото, кој во минатото бил женски манастир, но нема податоци од кога потекнува.[2]
Споменици
  • Споменик на стреланите првобоци на НОБ
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Долани
  • Ванѓа Михајлова-Стерјова (р. 1950) — влашка писателка

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads