Кале (Лера)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Лера. Претставува населба од доцноантичко време . Се наоѓа западно од селото, на блага височинка со надморска височина од 810 м, на левиот брег на реката Шемница каде се гледаат контурите на одбранбен бедем обраснати со вегетација. По површината се среќаваат доста фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Калето зафаќа површина од околу 1 хектар, а претставува дел од одбранбениот систем поврзан со калињата во селата Доленци и Стрежево.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads