Лера
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лера — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
За други значења на поимот, погл. Лера (појаснување).
Remove ads
Потекло на името
Еднаш еден богат човек по име Леро Шестокрило се натпреварувал во фрлање на камен со Крали Марко. Бидејќи го натфрлил Марка местото каде паднал каменот на Леро, подоцна било населено со селани и наречено по него - Лера.
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, непосредно до реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 18 километри и се наоѓа непосредно до патот Битола-Ресен.[2]
Атарот зафаќа површина од 13 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 540 хектари, на шумите отпаѓаат 397 хектари, а на обработливото земјиште 290 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Лера било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лера имало 520 жители, од кои 180 Македонци христијани и 340 Албанци муслимани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Лера се води како мешано село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 99 куќи.[4]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лера имало 592 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 200 Албанци.[6]
Лера во 1961 година броело 395 жители, од кои 279 биле Македонци, 68 Албанци и 46 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се намалил на 153 жители, од кои 86 биле Албанци, а 65 жители Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лера имало 122 жители, од кои 36 Македонци, 85 Албанци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 16 Македонци и 94 Албанци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лера:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
Лера е македонско-албанско село.
Македонски родови во селото се:
- Староседелци: Наумчевци (9 к.), Танчевци (3 к.), Вељановци (3 к.), Талевци (2 к.), Ристевци (2 к.), Таневци (2 к.), Фодулчевци (2 к.), Ѓерасимовци (1 к.), Начковци (1 к.), Котевци (1 к.), Шаковци (1 к.), Чолаковци (1 к.) и Анчевци (1 к.)
- Доселеници: Анѓелевци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од блиското село Свиниште; Саздановци (1 к.), доселени се во 1912 година од селото Цапари, каде припаѓале на истоимениот род; Милевци (1 к.), доселени се на почетокот на XX век од селото Свиниште; Вељановци (1 к.), доселени се кога и Милевци од селото Турје во Дебрца; Мишевци (1 к.), доселени се после претходните два рода од селото Цапари; Живко (1 к.), доселен од Цапари во 1956 година; Трајче (1 к.), доселен од Вирово во Железник во 1956 година; Ороштанци (1 к.), доселени во 1957 година од селото Ротино; Иљо (1 к.) и Трајче (1 к.), доселени се од селото Вирово во 1957 година и Лесковчани (1 к.), доселени се од селото Лесково во Железник во 1957 година.
Албански родови во селото се:
- Доселеници: Браимовци (2 к.), доселени се на крајот на XVIII век од некое место во јужна Албанија. Го знаат следното родословие: Ќамил (жив на 70 год. во 1957 година) Амет-Беќир-Амет-Браим, предокот кој се доселил; Салиовци (6 к.), Таовци (3 к.), Зенговци (2 к.), Мусовци (2 к.), Реџовци (1 к.), Мелиовци (1 к.) и Ризмановци (1 к.), сите овие родови се доселени од јужна Албанија (околината на Корча и Колоња); Пајовци (3 к.), доселени се од селото Рамна, а таму се доселени од јужна Албанија.[8]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Лера се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0210 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Метимир.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[11]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[12]
- Кале — населба од доцноантичко време;
- Калуѓери — населба од средниот век;
- Кора — населба од доцноантичко време; и
- Барбеш — светилиште од непознат период.[13]
- Цркви[14]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
- Џамии
- Џамија — селска џамија
- Други верски објекти
- Свет крст — комплекс со крст над селото
- Реки
- Шемница — притока на Црна Река
- Езера
- Стрежевско Езеро — вештачко езеро
Remove ads
Личности
- Сребра Апостолова — македонски револуционер;
- Апостол Ушлинов — македонски револуционер;
- Ставре Ушлинов — македонски револуционер;
- Ванчо Спиров Ивановски — македонски револуционер;[15]
- Јонче Цветков Наумовски — македонски револуционер;[16]
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во Бугарија (3 семејства), САД (8 семејства), Битола (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Скопје (1 семејство).[17]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[18]
До 1957 година многу од албанското население се иселило во Битола и во Турција (20 семејства).[13]
Галерија
- Куќи во селото
- Црквата со селските гробишта
- Реката Шемница низ селото
- Поглед на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads