Камерна музика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Камерна музика
Remove ads

Камерна музика е форма на класична музика, компонирана за мала група на инструменти кои традиционално можеле да се сместат во „одаја“ (лат. camera), или приватен салон со интимна атмосфера. По дефиниција во камерната музика нема изведби на соло инструменти.

Thumb
Концерт на камерна музика во Моцартеумот во Салцбург, Австрија

Ансамбли

Ова е делумен список на видовите на ансамбли во камерната музика.

Број на музичариНазивАнсамблиИнструментацијаБелешки
2ДуоПијано дуо2 пно
Инструментално дуобило кој инструмент и пијаноОсобено како инструментални сонати; т.е., виолинска, виолончелска, виолска, хорнска, фаготна, кларинетска, флејтна соната).
било кој инструмент и генералбасЧесто во барокната музика пред пијаното. Генералбасот е секогаш присутен за да даде ритам и придружба, и често се свири на чембало но ова улога може да ја играт и други инструменти.
ДуетПијано дует1 пно, 4 рацеМоцарт, Бетовен, Шуберт, Брамс (оригинални композиции и многубројни транскрипции на сопствените дела); омилената домашна музичка форма, со многубројни транскрипции од други жанрови (опери, симфонии, концерти итн).
Вокален дуетглас, пноЧесто кај уметничката песна или лид.
Инструментален дует2 било кои инструмента, исти или различниМоцарт - дуети KV 423 и 424 за vn и va и Соната KV 292 за фаг и вч; Бетовен - дуети за va и вч; Барток - дуети за 2 vn.
3ТриоГудачко триовлн, вла, вчМоцарт - Дивертименто KV 563 е важен пример; Бетовен искомпонирал низа од 5 трија на почетокот од неговата кариера.
Пијано триовлн, вч, пноХајдн, Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Брамс и многу други.
Глас, виола и пијаноГлас, вла, пноВилијам Болком - трио „Нека вечерта дојде“ за сопран, виола и пијано, и Јоханес Брамс - Две песни за алт со виола и пијано, Оп. 91, за констралт, виола и пијано
Кларинет, виола и пијанокл, вла, пноМоцарт - трио K498, други дела од Роберт Шуман и Макс Брух
Кларинет, виолончело и пијанокл, вч, пноБетовеново трио Оп. 11, како и неговата транскрипција Оп. 38, на септетот Оп. 20; Брамс - трио Оп. 114, Александар фон Землински - Оп.3.
Глас, кларинет и пијаноглас, кл, пноФранц Шуберт - „Овчарот на крапата“, D965, Волфганг Амадеус Моцарт - „Убавата пролет веќе се смее“, KV 580; Спор - „Лид“
Флејта, виола и харфафл, вла, хрфПознати дела од: Дебиси и Арнолд Бакс. Изум од XX век, сега со изненадувачки голем репертоар. Негова варијанта е флејта, виолончело и харфа.
Кларинет, виолина и пијанокл, влн, пноВоглавно изум на XX век, но со растечка популарност; познати композиции од: Бела Барток, Мијо и Хачатурјан
Хорнско триохрн, влн, пнодела од XIX век; особено трио во Е♭ Оп. 40 од Брамс
Сопран, хорна и пијаносоп, хрн, пноФранц Шуберт - „По текот“
Обоа, кларинет и фаготоб, кл, фагКомпозитори од XX век
4КвартетГудачки квартет2 влн, вла, вчМногу популарна форма. Бројни важни примери од Хајдн (нејзиниот создател), Моцарт, Бетовен, Шуберт, и многу други водечки композитори.
Пијано квартетвлн, вла, вч, пноМоцарт - KV 478 и 493; Бетовеновите композиции во младоста; Шуман, Брамс
Виолина, кларинет, виолончело и пијановлн, кл, вч, пноРетко; познати примери: Месијан - Квартет за крајот на времињата; помалку познати: Хиндемит (1938), Валтер Рабл (Оп. 1; 1896).
Кларинетски квартет3 B♭ кларинети и бас кларинетКомпозитори од XX век
Саксофонски квартетс. сакс, а. сакс, т. сакс, б. сакс или а. сакс, а. сакс, т. сакс, б. саксКомпозитори од XX век
Флејтски квартет4 фл или фл, влн, вла, и вчПримери: Фридрих Кулау, Антонин Рејча, Ежен Боза, Флорент Шмит и Жозеф Жонган. XX век: Дениел Тикер
Дрвени дувачки инструменти и гудачко триовлн, вла, вч и фл, об, кл, фагМоцарт - четири флејтни квартети и Обоен квартет; Кромер - Флејтни квартети (на пр. опус 75) Кларинетни квартети и Фаготни квартети (на пр. збирка опус 46); Девиан - Фаготен квартет
Трио од Пијано и дувачки инст.пно, кл, хрн, фагФранц Бервалд - опус 1 (1819)
Глас и пијано триоглас, пно, влн, вчМожеме да најдеме многу лидови од Бетовен на неколку фолклорни корени за таква поставка.
5КвинтетПијано квинтет2 влн, вла, вч, пноШуман, Брамс, Бела Барток, Шостакович и други
влн, вла, вч, кб, пноНеобична инструментација користена од Франц Шуберт во „Пастрмкин квинтет“ како и од Јохан Непомук Хумел и Луиза Фаренк.
Дувачки квинтетфл, кл, об, фаг, хрнXIX век (Рејча, Данци и други) и композитори од XX век
Гудачки квинтет2 влн, вла, вч со дополнителни вла, вч или кбсо 2-ра вла: Михаел Хајдн, Моцарт, Бетовен, Брамс, Брукнер; со 2-ро вч: Бокерини, Шуберт; со кб: Вагн Холмбе, Дворжак.
Дувачки инст. & Гудачки квинтетоб, кл, влн, вла, кбПрокофиев - Квинтет во Г-мол Оп.39. Со шест става. (1925)
Лимен дувачки квинтет2 тр, 1 хрн, 1 трм, 1 тубаГлавно по 1950.
Кларинетски квинтеткл, 2 влн, 1 вла, 1 вчМоцарт - KV 581, Брамс - Оп. 115, Вебер - Оп. 34, Хиндемит (во кој кларинетистот мора наизменично да свири B♭ и E♭ кларинети) и многу други.
кл, пно лева рака, влн, вла, вчШмит - камерни дела посветени на пијанистот Паул Витгенштајн (кој свирел само со лева рака), иако денес се свират со две раце, по аранжман на Фридрих Вирер.
Пијано и дувачки квартетпно, об, кл, фаг, хрнМоцарт - KV 452, Бетовен - Оп. 16 и многу други, меѓу кои и две дела од Николај Римски-Корсаков и Антон Рубинштајн. (четирите дувачки инструменти можат да варираат)
6СекстетГудачки секстет2 влн, 2 вла, 2 вчВажни примери: Брамс - секстети Оп. 18 и Оп. 36, и Шенберг - „Преобразена ноќ“, Оп. 4 (првична верзија).
Дувачки секстет2 об, 2 фаг, 2 хрн или 2 кл, 2 хрн, 2 фагМоцарт - два типа; Бетовен - типот кл
Пијано и дувачки квинтетфл, об, кл, фаг, хрн, пноКако Пуленк - Секстет, и друг од Лудвиг Тије.
Пијано секстетвлн, 2 вла, вч, кб, пнона пр. Менделсон - Оп. 110, како и еден од Лезли Басет. ( Архивирано на 15 мај 2006 г.)
кл, 2 влн, вла, вч, пноПример: Прокофиев - „Увертира на хебрејски теми“ Оп. 34.
7СептетДувачки и гудачки септеткл, хрн, фаг, влн, вла, вч, кбПопуларизиран од Бетовеновиот Септет Оп. 20, Вервалдовиот Септет и многу други.
8ОктетДувачки и гудачки октеткл, хрн, фаг, 2 влн, вла, вч, кбПопуларизиран од Шубертовиот Октет D. 803, инспириран од Бетовеновиот Септет.
Гудачки октет4 влн, 2 вла, 2 вчПопуларизиран од Менделсоновиот Гудачки октет Оп. 20. Други (меѓу кои следеле и дела од Волдемар Баргил, Џорџе Енеску и пар дела од Димитриј Шостакович).
Двоен квартет4 влн, 2 вла, 2 вчДва гудачки квартета аранжирани антифонично. Жанр претпочитан од Луј Спор. Дариус Мијо - октет Оп. 291, кој всушност се пар гудачки квартети (неговите 14-ти и 15-ти) во симултана изведба
Дувачки октет2 об, 2 кл, 2 хрн, 2 фагМоцарт - KV 375 и 388, Бетовен- Оп. 108, многу компонирани од Франц Кромер.
9НонетДувачки и гудачки нонетфл, об, кл, хрн, фаг, влн, вла, вч, кбМеѓу кои еден од Спор и два од Бохуслав Мартину.
10ДекетДвоен дувачки квинтет2 об, 2 англ. рог, 2 кл, 2 хрн, 2 фаг (Моцартова збирка) или 2 фл, об, англ рог, 2 кл, 2 хрн и 2 фаг (Енескуева збирка)По Моцартовите Дивертименти KV 166 и 186 тешко е да се најде друг пример за 10 инструменти. Според обичај, повеќе од девет свирачи повеќе не сочинуваат камерен оркестар, но сепак декетот во Д, опус 14 од Џорџе Енеску за 2 флејти, обоа, англиски рог, два каринета, две хорни и два фагота, комп. 1906 би се вброил тука.
Клуч: влн - виолина; вла - виола; вч - виолончело; кб - контрабас; пно - пијано; фл - флејта; об - обоа; англ рог - англиски рог; кл - кларинет; с. сакс - сопран саксофон; а. сакс - алт саксофон; т. сакс - тенор саксофон; б. сакс - баритон саксофон; фаг - фагот; хрн - хорна; тр - труба; трм - тромбон

Стандардниот репертоар за камерни ансамбли е богат, и сета камерна музика се печати во партитури со неврзани листови. Видете ги поединечните статии за секоја комбинација на инструменти за примери за репертоар.

Remove ads

Наводи

  • The New Grove Dictionary of Music & Musicians (уред. Stanley Sadie, 1980)

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads