Капуџилар
населба во Солун, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Капуџилар (грчки: Πυλαία, Пилеја; 1926-1928 г. Στρέψα, Стрепса,[2] до 1926 г. Καπουτζήδες, Капуѕидес[3]) — населено место во Солунско, Егејска Македонија, денес предградие на градот Солун во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Населението отсегаш било македонско, макар што е погрчено.[4] Во 2021 г. населбата имала 36.843 жители.
Remove ads
Географија
Населбата е сместена во југоисточниот дел на Солун. Има 22 744 жители (2001). Енорийският храм на гратчето е „Св. Илија“.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Капуџилар било село во Солунска каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Капуџилари (Capoudjilari) се состоело од 180 домаќинства сочинети од 790 жители Македонци.[5][6] Селото било под силен удар на грчката пропаганда. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 1.200 жители кои тој ги смета за „Грци“ христијани,[7] а всушност се Македонци.
По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капуџилер (Kapoudjiler) имало 1.000 жители „Грци“ (впрочем погрчени Македонци) и во него работеле две грчки училишта.[8]
Во раните 1880-ти Царевна Миладинова, ќерката на Димитар Миладинов, ги посетила селата Пејзаново и Капуџилар. Забележала дека во првото македонскиот јазик се говорел секојдневно, но дека второспоменатото село било речиси наполно погрчено.[9] Селанките носеле некакви необични старински македонски носии.[10]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Капуѕидес (Καπουτζίδες) е гркојазично село во Солунската митрополија со 1.510 жители (668 мажи и 742 жени) со „грчка национална свест“. Во селото имало 4-класно грчко училиште и детска градинка со 198 ученици и 2 учители.[11]
За македонскиот карактер на селото сведочи Боривое Милоевиќ кој го посетил за време на Првата светска војна и го завел Капуџилар како село со 500 куќи, сите македонски.[12]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Капуџилар е припоен кон Грција, кога населението броело 2.330 жители, кои во 1920 г. пораснале на 2.658 лица.[4] Во 1926 г. е преименуван во Стрепса, а во 1928 г. во Пилеја. Таа година селото имало 3.039 жители.[4] Во Капуџилар се доселиле извесен број Власи од селото Голема Ливада, Ениџевардарско.[13]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Илија“ од 1854/1935 г., прогласена за споменик на културата
- Црква „Св. Пантелејмон“ од средниот век, прогласена за споменик на културата
Личности
- Киро Манчев (1891 - ?) — борец во Балканските војни од Македонско-одринските доброволни чети
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads