Карадере Воденско
поранешно село во Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карадере Воденско (грчки: Μαυρόλακκος Βοδενών, Мавролакос Воденон; до 1925 г. Καρά Δερέ Βοδενών, Кара Дере Воденон[1][2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
За други значења на поимот, погл. Карадере (појаснување).
Remove ads
Географија
Карарере се наоѓало во јужниот дел на котлината Меглен, источно од Драгоманци. Лежело на левиот брег на реката Мегленица, спроти исоименото Карадере Пазарско сместено на на десниот.[1]
Историја
Според Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Карадере било македонско муслиманско село со 148 машки жители и 35 домаќинства.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Дере жевееле 80 Македонци христијани и 165 Турци.[3][5] Според Тодор Симовски податоците се за двете села под името Карадере на двата брега на Мегленица.[1]
Егзархиската статиатика за Воденската каза од 1912 г. ги води обете села како македонски муслимански, што според Тодор Симовски е погрешно.[1] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Воденска Карадере имала 30 турски куќи.[6]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 190 жители. Во 1920 г. населението се намалило на 129 лица.[1]
Во 1925 г. селото е преименувано во Мавролакос.[1] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на него место се доведени неколку грчки семејства. Според пописот од 1928 г. селото било дојденско со 9 семејства сочинети од 32 лица.[7] Според други податоци, стата година селото имало 35 жители дојденци.[1]
Селото е напуштено во 1935 г.[1]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads