Драгоманци
село во Воденско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгоманци (грчки: Άψαλος, Апсалос; до 1926 г. Δραγουμάνιτσα или Δραγομανίτσα, Драгуманица/Драгоманица[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.121 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во котлината Меглен, на 15 км северно од Воден и 12 км јужно од С’ботско.[4]
Историја
Праисторија и антика
Во околината на Драгоманци е пронајдена античката населба Апсалос,[4] еден од трите града во Алмопија, заедно со Орма и Европ, спомнати од географот Клавдиј Птоломеј во II век. Праисториските и античките населби се откриени во месностите Јазол (Комвос), Колосек (Грами), Тумба и Врбен. Се смета дека во антиката, населбите околу Драгоманци биле испостави на тврдината над Почеп.[5] Денешното име на селото е преземено од називот на таа стара населба, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Во Отоманското Царство
Поголемиот дел од жителите на Драгоманци во дадено време го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Значаен дел од оние кои одбиле да си ја сменат верата постепено се преселиле во Воден и околните македонски села.[3] Доказ за устојчивоста на христијанското население во XIX век е изградбата на црквата „Св. Атанасиј“ во тоа време.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгоманци (Dragomantzi) било село во Воденската каза со 340 куќи кои се состоеле од и 915 жители муслимани (т.е. Македонци-муслимани) и 280 Македонци (христијани).[7][8]
Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Драгоманци е македонско муслиманско село с машко население од 424 души и 120 домаќинства.[9][10] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Драгоманци било чисто македонско село, со 220 Македонци-христијани и 1.000 Македонци-муслимани.[7][11]
Христијанското население на Драгоманци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгоманци (Dragomantzi) имало 120 Македонци под егзархијата.[7][12] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Драгоманце имало 260 куќи на „Турци“ и 10 куќи на Роми.[13]
Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.050 жители, кои во 1920 г. биле 1.015.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Апсалос, по античкиот град град, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1920-тите муслиманското македонско население на Драгоманци е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд (од Хаџи Осман во Никомидиско, Акдаг Маден во Анкарско и Булгар Маден во јужна Турција), Тракија (од Ексамили на полуостровот Галиполе) и Мала Азија (од Смирненско).[4] Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 1.210 дојденски жители (299 семејства).[14] Во 1945 г. во Драгоманци се доселиле и Власи од Епир.[4]
Почнувајќи од 1950-тите селото бежели извесен пад на населението, поради иселување во градовите.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано (грчко-влашко), во кое понтскиот грчки и влашкиот се зачувани на средно ниво.[15]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението произведува големи количества на десертно грозје, тутун, жито и други земјоделски производи. Мошне развиено е и сточарството, поради непрегледните пасишта околу селото.[3]
Знаменитости
- Арехеолошки наоѓалишта
- Врбен — населба од неолитот до доцноримско време
- Колосек (Грами) — населба од неолитот и антиката
- Јазол (Комвос) — населба од неолитот и антиката
- Драгоманска тумба — населба од антиката
Поврзано
- Меглен
- Драгоманце (или Драгоманци) — истоимено село во Кумановско
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads