Карипци

поранешно село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Карипциmap
Remove ads

Карипци (грчки: Χλωρονομή, Хлорономи; до 1927 г. Καρίπτσια, Карипција[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Карипци Χλωρονομή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Лагадинското Поле, северозападно од Лагадина. Местото се наоѓа крај денешнит автопат СолунДраготин (А25). Најблиски населени места се Ракли на југоисток и Ајватово на југозапад.

Историја

Во 1797 г. се спомнува потурчувањето на Македонецот Јане Митрев (Јано Митре) од селото Карипци, Лагадинско.[2][3]

Оваа населба порано била турски чифлик, за првпат попишан во 1920 г. со 354 жители.[4]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На ова место дошле грчки доселеници што основале нова населба. Во 1927 г. местото е преименувано во Хлорономи. Во 1928 г. во селото се попишани 212 жители.[4]

Поради неповолните услови за живот населбата почнала постепено да се распаѓа. Карипци за последен пат е попишано во 1940 г. со 48 жители. Селото е наполно напуштено некаде во 1940-тите бидејќи отсуствува од повоените пописи.[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads