Ракли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Раклиmap
Remove ads

Ракли или Аракли (грчки: Ηράκλειο, Ираклио, до 1927 г. Αρακλή, Аракли)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.171 жител (2021).

Кратки факти Ракли Ηράκλειο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 3 километри западно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 97 метри.

Историја

Во XIX век Ракли е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 40 семејства со 192 жители Македонци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци[4].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Грци и работеле две грчки училишта[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 631 жител.[6], додека во 1940 година селото броело 822 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 875 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 866 жители, во 1971 година имало 788 жители, во 1981 година имало 747 жители, додека во 1991 година имало 1022 жители[7]. Денеска, населението на селото е 914 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads