Карија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Карија во старогрчката митологија била нимфа хамадријада на ореово дрво.[1]

Митологија

Освен нимфи, позната е и Карија, ќерка на Дион, кралот на Лаконија и Ифитеја.[2] Кога на дворот престојувал Дионис, се вљубил во Карија, а и таа во него. Затоа повторно дошол во посета на Дион под изговор да го посвети храмот кој кралот му го подигнал.[3] Меѓутоа, нејзините две сестри се обиделе да ги разделат и не престанувале ниту кога тој им открил дека е бог. Затоа тој ги казнил со лудило и тие заминале на планината Тајгет, каде се претвориле во камења. Карија се претворила во орев.[4] Според други извори, нивната љубов ја спречила нејзината изненадна смрт во Карија. Дионис жалел поради тоа, но не можел да ја врати во живот. Наместо тоа ја претворил во дрво орев. Артемида на кариинитеземјаци им ја донела веста за нејзината смрт, поради што го добила епитетот Артемида Каријатида. Исти извори наведуваат дека Карија е поврзувана со титанката Метида.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads