Квартар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Квартар е најмладиот геолошки период од кенозоиската ера во геолошката временска скала како што е дефинирано од страна на Меѓународната комисија за стратиграфија.[1] Овој период започнал со крајот на ерата на Плиоценот, односно со крајот на неогенот (период) пред 2,588 ± 0,005 милиони години и продолжува и денес. Во рамките на квартарот се издвојуваат две геолошки епохи: плеистоценот, од пред 2,588 милиони години до пред 11,7 илјади години и холоценот од пред 11,7 години, при што холоценот продолжува до ден-денес.

Геолошка табела
ЕРА ПЕРИОД
Кенозоик Квартар
Неоген
Палеоген
Мезозоик Креда
Јура
Тријас
Палеозоик Перм
Карбон
Девон
Силур
Ордовик
Камбриум

Името квартарот (што значи четврто) за првпат се употребило во 1829 година, истражувајќи седиментот во сливот на реката Сена, Франција и во 1839 година. Лејл го воведува името плеистоцен. Германските научници ги користеле термините дилувиум и алувиум. Во 1922 година П. Павлов го воведува поимот антропоген. Неформалниот термин „доцен квартар“ се однесува на последните 0,5-1,0 милиони години.[2]

Квартарниот период обично се дефинира со цикличен раст и распаѓање на континенталните ледени плочи поврзани со циклусите на Миланковиќ придружни од климатски и еколошки промени што се случиле.[3][4]

Remove ads

Појава на човекот

Ова е време кога се појавуваат предците на денешните луѓе. (Се смета дека за време на терциерот, пред околу 50 милиони години, се појавил адапис, 40-35 милиони - некролемур, 35-30 милиони - бранисела, а Австралопитет се појавил во ерата на Плиоценот)

  • За време на долниот плеистоцен (помеѓу 1,87 милиони години и 730 000 година) се јавува Хомо хабилис, проследено со Хомо еректус.
  • За време на средниот плеистоцен (730.000-128.000) архаичен Хомо сапиенс .
  • Хомо неандерталезис датира од горниот плеистоцен (околу 100 000 година).
  • Хомо сапиенс сапиенс (најблизок до денешниот човек) се јавува пред околу 40 000 години.
Remove ads

Датирање

Постојат неколку методи за датирањето на кватернерот:

  • утврдување на односот на кислород изотоп на фосилни лушпи ( фораминифера, коколитофорити . . . )
  • K40 / A40 радиометриски метод ( калиум / аргон ), добро за датирање од раниот плеистоцен до 200.000 години. Постои празнина за периодот од пред 200 000 години до пред 40 000 години.
  • јаглерод изотоп метод C-14 (органски супстанции, до 40 000 години)
Remove ads

Животот за време на квартарот

Кватернерна флора

Ледничка (борна) флора - мочуришна вегетација на тундрата, на надморска височина, цветни грмушки чело со „бореалната роза“ ( латински: Dryas octopetala ), поларна врба ( латински: Salix polaris ) и бреза ( латински: Betula nana ) Јужно од тундрата се моховисните и тревни степи, а уште појужно - шумскиот појас. Топлите терцијарни реликти после ледениот период биле зачувани на југот на Кавказ: латински: Rhododendron laponicum растат во тропската Сиера Невада и североисточниот регион на Црното Море. Во Алпите во Средна Европа се до пред околу 100.000 години.

Квартерна фауна

Мал е бројот на морски мекотели кои изумираат во квартарот. Некои видови ја промениле својата географската дистрибуција, на пр. латински: Corbicula fluminalis на крајот на средниот плеистоцен (пред околу 128 000 години), се повлекуваат од Европа преку Дунав до Каспискиот басен.

Цицачи:

Претставници на ладна клима:

Пештерни цицачи:

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads