Карл Вилхелм Шеле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карл Вилхелм Шеле (свахили: Carl Wilhelm Scheele) (Штралзунд, 9 декември 1742 - Шепинг, 21 мај 1786 ) — шведски фармацевт и хемичар. Исак Асимов го нарекол „несреќниот Шele“ бидејќи направил голем број хемиски откритија пред другите, но, во повеќето случаи, заслугата за тие откритија им припаднала на други научници. На пример меѓу другото, Шeле го открил кислородот (иако Џозеф Пристли го објавил своето откритие прв) и ги идентификувал молибденот, волфрамот, бариумот, водородот и хлорот пред Дејви. Шеле, исто така, ги открил следните органски киселини: оксална, винска, лимонска, урична, млечна, како и флуороводородни, цијановодородни и арсенови киселини. Целиот свој живот повеќе се служел со германскиот јазик отколку со шведскиот, во тоа време меѓу шведските фармацевти вообичаено се зборувал германскиот јазик.
Remove ads
Животопис

Шеле е роден во Штралзунд, во Западна Померанија (денешна германска покраина Мекленбург-Западна Померанија), која тогаш била дел од Шведска. Неговиот татко, Јоаким (или Јохан) Кристијан Шеле, бил трговец со жито и пивар од познато германско семејство, а неговата мајка се викала Маргарета Елеонора Варнекрос.
Пријателите на неговите родители го научиле Шеле на вештината на читање рецепти и значењето на хемиските и фармацевтските ознаки. Потоа, во 1757 година, како четиринаесетгодишник, бил испратен во Гетеборг на пракса за фармација - заедно со друг семеен пријател и аптекар, Мартин Андреас Бауг. Таму живеел осум години. Во тоа раздобје, Шеле спроведувал опити доцна во ноќта и ги читал делата на Лемери, Нојман, фон Левенштерн-Кункел и Штал (еден од главните поборници на теоријата за флогистон). Многу од подоцнежните теоретски шпекулации на Шеле биле засновани на Штал.
Во 1765 година, Шеле работел под покровителство на напредниот и добро информиран фармацевт К.М. Кјелстрем во Малме и се спријателил со Андерс Јахан Рециус - предавач на Лундскиот универзитет, подоцна професор по хемија во Стокхолм. Шеле пристигнал во Стокхолм некаде помеѓу 1767 и 1769 година и работел таму како аптекар. За време на тамошниот престој, ја открил винската киселина, а со својот пријател Рециус ја проучувал врската помеѓу калциум оксидот и калциум карбонатот. Додека живеел во главниот град, се запознал со бројни научници (како што се Абрахам Бек, Петер Јонас Бергиус, Бенгт Бергиус и Карл Фридрих фон Шулценхајм).
Remove ads
Поврзано
- Јохан Готлиб Ган
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads