Рашче
село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рашче (албански: Rashçja) — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.697 жители.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на десниот брег на Вардар, во западните предели на Скопската Котлина. Во атарот на селото Рашче се наоѓаат изворите од кои поголемиот дел од населението во градот Скопје се снабдува со питка вода.
Историја
Подрачјето на Рашче е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Врело северно од селото, покрај самите извори.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 67 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 237 мажи муслимани, со 35 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 554 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 300 жители.[3]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.697 жители, од кои 2 Македонци, 2.677 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 2 Бошњаци и 14 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.835 жители, од кои 1 Македонец, 2.760 Албанци, 1 останат и 73 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Рашче е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Полику (17 к.) и Бакиу (22 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од местото Лике во северна Албанија.
- Хаџију (23 к.) доселени се кога и претходните родови од некое место во областа Мат во Албанија.
- Коваче (24 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша.
- Хоџа (10 к.) доселени се од северна Албанија.
- Ќуреци (10 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Исмани (11 к.), Чилафе (8 к.) и Штрјку (5 к.) доселени се од северна Албанија.
- Бериша (3 к.) доселени се од фисот Бериша во северна Албанија.
- Сефа (4 к.), Мазлами (2 к.), Џика (9 к.), Рамети (8 к.), Томанлар (6 к.) и Леза (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Дураку (5 к.), Штафе (6 к.) и Хети (3 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Кроси (5 к.) потекло како и претходните родови. Имаат роднини во селото Арнакија.
- Бец (1 к.) потекло како и претходните родови.
- Дамин (1 к.), Идризи (2 к.), Демир (1 к.) и Ајваз (1 к.) они се Роми. Во селото биле ковачи. Никој не си го знае потеклото.[13]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Пештери
- Археолошки наоѓалишта
Галерија
- Поглед на дел од селото Рашче
- Поглед на дел од селото Рашче
- Поглед на селото Рашче од падината на Жеден
- Поглед на дел од селото Рашче
- Поглед на дел од селото Рашче
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads